Уредот Нима сензор открива дали вашата храна содржи глутен | Видео

519

Уредот под името Нима Сенсор овозможува на корисниците да проверат дали храната содржи глутен.

Само во САД живеат над три милиони луѓе алергични на глутен, а ним дефинитивно ќе им користи џебен уред, кој без проблем открива дали храната содржи глутен, дури и во траги. Се користи така што во него се става примерок од храната, потоа следи анализа со притисок на копче, а ако детектира присуство на глутен, уредот го предупредува корисникот. Анализата трае две минути.

Резултатите може да се аплоудираат на апликацијата и да се видат оценки на блиски ресторани кои нудат храна без глутен.
Нима Сензорот чини 279 долари.

loading...

loading...