Уред на кој се радуваме | “Суперпегла” пегла 12 кошули за три минути | Видео

2328

Сонот што го сонуваат сите жени кои, не баш со ќеиф ја земат пеглата во своите раце, наскоро ќе се оствари. На повидок е пегла која сама пегла!

Мајките поминуваат четири месеци од својот живот во пеглање покажуваат истражувањата, но се чини дека во иднина времето поминато во оваа, не толку забавна домашна дисциплина, ќе се скрати значително.

Имено, британските иноватори ја измислија Ефи, пегла која одеднаш може да испегла 12 парчиња облека. Маици, кошули, панталони, па дури и алишта, благодарение на силниот притисок на водената пареа, можат да се испеглаат за само три минути.

loading...

Овој совршен уред, кој ќе биде на продажба следната година, поврзан е и со мобилен телефон, кој на среќниот сопственик ќе му јави кога пеглањето е завршено.

Освен тоа што сама пегла, Ефи може и да ги намириса алиштата – доволно е само да ја уфрите таблетата во малиот резервоар, пишува Daily Mail.

“Целта на овој уред е да го направи животот полесен за луѓето, бидејќи сме убедени дека никој не сака да пегла”, велат иноваторите кои се надеваат дека Ефи ќе биде добро опремен уред, иако се проценува дека ќе чини околу 800 евра.

loading...