Успеси на македонските излагачи на Маѓународната изложба на расни кучиња во Белград

866

ДУРИ 1.087 животни се натпреваруваа во неделата под куполата на Хала 4 на саемот во Белград, каде се одржа 59-та Меѓународна изложба на кучиња од сите раси – CACIB Белград.

Кинолошките судии имаа тешка задача, бидејќи требаа внимателно да анализираат околу 150 раси на кучиња. Титула најубав во “Бест ин шоу” е доделена на Mastiff-от на Милош Влајков од Нови Сад.

pobednik-002

Во дваесетина рингови од раните утрински часови се перчеа и ги покажуваа своите вештини снежно-бели, црни и црвенокоси, чупави, кадрави и разгалени кучиња. Меѓу нив имаше добермани, staford-и, териери, пудлици, ротвајлери, кои во чекор внимателно ги следеа своите сопственицисе и послушно ги извршуваа командите во рингот, додека останатите со нетрпение го чекаат својот ред во кафезите или на поводникот. Лаењата одекнуваа во халата, а во паузите помеѓу оценувањата имаше време и за дружење. Се душкаа, р’жеа едни на други, а за да ги задржат скротени сопствениците мораа да ги поткупат со некој бисквит.

По оценувањето во ринговите, продолжи натпреварот по групи. Во трката за најубав CACIB куче, на цртата со поводник застанаа и гостите од регионот, како и од Русија, Франција, Германија, Белгија и Велика Британија.

Судеа познати и реномирани судии од целиот свет.

Во 5-та FCI група судеше познатата и реномирана судика од Русија, госпоѓата Екатерина Сенашенко, која на македонските кучиња најпрво им додели титули Прваци на раси.

V FCI

11-001

1. Сибирски хаски Silverado Of Inner Vision, сопственици Стефан и Анастасиа Митевски (одгледувачница Inner Vision од Скопје)

2-001

2. Американска акита Moonshine Red Mist Sola Dils, сопственост на Бојан Зрниќ,

Надица Радевска
Надица Радевска

3. Самојад Belluchi Royal Show Winter Frost, сопственост на Надица Радевска и Марија Бонева (одгледувачница Belluchiville од Скопје)

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија се презентираше на штанд кој што го посетија огромен број љубители на кинологијата.

На истиот можеа да се добијат секакви информации околу работата на Кинолошкиот сојуз на Р Македонија.

Посетителите се информираа и за календарот на меѓународни изложби кои ке се одржат во Македонија во 2017 година.