Утре наутро на ваков начин поставете му пашање на Универзумот | Ова ќе предизвика моќен одговор!

1138
Booking.com INT

Дел од мојот утрински ритуал е изговарање на молитвата и повикување на божественото водство.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Утрото обично почнува со чувството поврзано со вечната вистина во мене, но како што минува денот, мојот ум почнува да талка и ја губам таа врска.

Ако сте како мене и се обидувате да одржите комуникација со Бога во текот на денот, тука се три начини на кои можете да го направите тоа.

Тоа се три супер-брзи и едноставни начини да се ускладите со божествениот ток.

Поставете прашање до универзумот

Верувам дека секогаш го добиваме одговорот на секое поставено прашање.

Ако бараме конструктивни животни прашања, ќе добиеме конструктивни, животни одговори.

Вреди и обратно: ако поставуваме безвредни прашања како:
“Зошто ова секогаш ми се случува?!” Ќе станеме свесни дека нашиот живот наизглед секогаш нѝ сервира неочекувани настани кога најмалку ги очекуваме.

Еве како да ги поставите вистинските прашања до Универзумот кој ќе предизвика моќен одговор

Започнете го прашањето со зборовите што и како.

“Како може мојот однос со мојот партнер да напредува и да нѐ исполни двајцата?”

“Што не гледам во овој предизвик во мојот живот?”

“Како можам да бидам посочувствителна кон луѓето кои ги среќавам?”

Задолжително поставете го прашањето во позитивен смисол, само прашајте она што навистина сакате. Свртете ги дланките нанадвор, затворете ги очите, насочете го внатрешниот поглед кон третото око, и потоа поставете го вашето прашање. Отворете го своето срце. Нека прашањето отплови. Кажете “благодарам” и пуштете го нека оди.

Одговорот ќе се појави во некоја форма или облик. Тоа може да дојде како инспиративен цитат кој ќе го прочитате некаде во форма на мисла или личност или можност. Не се оптоварувајте со тоа како ќе ви биде одговорено и полесно ќе го идентификувате одговорот кога ќе се појави.

Откријте што ги проширува вашите граници

Нашите тела постојано примаат пораки од Бога и се обидуваат да нѝ ги пренесат. На некој начин, тие се како мапа и можат да нѝ го покажат патот до нашата највисока служба. Треба само да се наслушува во текот на денот, како што го слушате радиото и го скенирате вашето тело за нови пораки.

Проверете го вашето тело исто како што би го провериле вашиот телефон. Ова е особено корисно ако имате проблеми со вашето ниво на енергија.

Живееме со неверојатно брзо темпо и лесно можеме да бидеме потресени од информациите со кои нѐ бомбардираат. За да дознаете кога да се одморите, а кога да дејствувате, корисно е да обрнете внимание на тоа како вашето тело реагира на одредени ситуации.

На пример, ако имате навика да читате во кафуле, но по некое време почнувате да чувствувате грч во телото, можеби е време да пронајдете друго место за читање на вашата омилена книга. Бидете свесни што ги шири вашите граници и направете го тоа, дури и ако се плашите од тоа.

Направете помалку од она што ве вознемирува за да ја зачувате својата животна енергија и да избегнете празнење на своите енергетски резерви. Сензациите што ги чувствувате во вашето тело се знаци од Универзумот кои ве водат до вашата судбина.

Кажете брза молитва

Ова е еден од моите омилени начини да останам поврзана со Бога во текот на денот. Сакам да се молам додека стојам во продавница или седам во толпата или додека готвам вечера. Тоа е навистина брз и моќен начин на повикување на божествената благодат.

Ова се моите три омилени молитви:

  • “Те молам, искористи ме.”
  • “Сѐ тебе ти предавам.”
  • “Те молам, насочувај ги моите мисли и постапки”.

Комбинирајте некоја од овие молитви со топла благодарност и бидете сигурни дека ќе бидете водени од божествените сили, без оглед на тоа со што се соочувате токму сега.

Не ви треба многу време, па дури ни тивок простор. Потребна е волја да го примите водството и здравата доза на подготвеност да се предадете и така да можете да ги примите насоките кои сте ги барале.

Elle Griffin

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...