Утринските навики се клучни за расположението

1460
Good morning coffee and alarm clock concept

Истражувањата покажуваат, дека без оглед на тоа дали сте „утрински тип“ на човек или не, утринското расположение влијае на продуктивноста во текот на целиот ден. 

Ако се разбудите лошо расположени, веројатно тоа чувство ќе ве следи во текот на целиот ден. Од друга страна, ако се разбудите добро расположени, веројатно ќе бидете продуктивни и ќе се чувствувате среќно и корисно.

Истражувачите во една нова студија нашле емоционални и општи здравствени предности кај луѓето кои важат за „утрински“ типови. Од друга страна, „ноќните птици“ кои биле присилени да стануваат рано наутро, главно биле во расчекор со вообичаениот дневен распоред.

loading...

Експертите наведуваат дека наместо да го продолжувате алармот и да станувате мрозоволни, можете да промените неколку работи во својот живот и да почнете да уживате во утрата.

Ако одлучите да ги следите советите на експертите, треба да легнете во кревет неколку часа порано од вообичаеното. Експертите истакнуваат дека тоа ќе ја подобри вашата емоционална состојба, а и полесно ќе станувате наутро.

За да ги зголемите шансите за уживање во денот, треба да создадете здрави утрински навики. Тие истакнуваат дека една од најздравите утрински рутини е појадокот, кој ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да ви даде енергија која ви е потребна за остатокот од денот.

Ако се будите лошо расположени, истражувачите советуваат да медитирате и за тоа време да размислите за добрите работи во вашиот живот на кои можете да бидете благодарни. Исто така, советуваат денот да го почнете со вежбање.

loading...