УХМР со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за излевање на Вардар, Црн Дрим, Сатеска и Радика

760
Booking.com INT

Врнежите во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата, велат од УХМР.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Според податоците на Управата, најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и на Вардар.

-Се очекува да продолжи зголемувањето на нивото на сите водотеци со оглед на најавите од синооптичарите дека врнежите ќе продолжат, а ќе бидат најобилни во југозападните и во источните делови на земјава, каде се очекуваат повеќе од 60 литри на еден квадратен метар, велат од УХМР.

Поради можните излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Фотографиите се од пред 10 часа.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...