Учењето повеќе јазици ги прави децата поуспешни

701

Речиси половина (45 отсто) од родителите имаат деца кои не зборуваат ниту еден друг јазик, додека едно од пет деца (19 отсто) не се заинтересирани за учење на нов јазик, а едно од десет (десет отсто) велат дека тоа им е многу тешко.

Способноста да се зборува на повеќе различни јазици ќе придонесе со 500 билиони британски фунти кој британската економијата до 2027 година. Во Британија 45 отсто од родителите признале дека нивните деца не зборуваат ниту еден друг јазик.

Истражувањето, кое го спроведе една британска компанија испита повеќе од две илјади родители, кои имаат деца помлади од 18 години и покажа, дека децата не ги користат доволно можностите, кои ги имаат за учење нови јазици.

Голем број родители сметаат дека на децата им е многу важно да познаваат уште еден јазик освен мајчиниот.  Речиси две четвртини од родителите имаат став, дека децата со познавањето на друг јазик ќе ги подобрат шансите при барање работа, вклучувајќи ја и работата во странски држави.

– Ние веруваме дека учењето јазик дава многу предност во развојот на децата и дека тоа е вистинска инвестиција иднината: децата кои се изложени на различни јазици стануваат свесни за различната култура, другите луѓе и нивното мислење. Исто така сметаме дека ваквите деца се подобри во извршување на повеќе задачи во исто време и дека многу често читаат, истакна професорката по развојна лингвистика на Универзитетот во Единбург, Антонела Сорас.

loading...