Училиштата воведуваат казни за користење мобилни телефони, но дали е тоа навистина потребно?

1016

Опомена или дури и укор поради употреба на мобилни телефони, има намера да воведе едно училиште во поширокиот регион во Риека. Кои се правилата во училиштата и дали тие се почитуваат од учениците, изтражила екипата на Дневник Нова ТВ.

Во едно училиште во Риека, пред петнаесет години, употребата на мобилни телефони било строго забранета. Учениците нѝ кажуваат дека нивните мобилни телефони ги чуват во ташните, исклучени. Не смеат да ги користат.

Денес правилата се променети, нема казни, но ниту употреба на мобилни телефони. На тој начин стана навика кај децата да имаат ограничена употреба на мобилните телефони, па велат дека во училиштето тоа е непотребно и не е пристојно.

Во ОУ Пехлин, исто така во Риека, не се спротивставуваат на модерните технологии. “Живееме во глобално село, каде што сè е на дланка, а кога имаме длаковник, сè е пред нас”, рече Жељко Шимуниќ од тоа училиште.

Во училиштето во Каства, кое брои 850 ученици, правилата се послободни, така што учениците, иако немаат забрана, не користат мобилни телефони за време на настава.

“Не е добро кон професорите ако тие нешто се обидуваат да објаснат, а ние да ги користиме мобилните телефони”, вели Мара Петковиќ, ученичка на 8 одделение на ОУ”Милан Брозовиќ”.

Со едукација на родителите и учениците, во соработка со наставниците и семејствата без закани за казни, тие училишта успеале да ја намалат употребата на мобилни телефони на минимум.

dnevnik.hr

loading...