Факти кои веројатно не сте ги знаеле за вашето бебе

2247

Во телото на бебето по раѓањето се случуваат многу работи, но секоја промена не е видлива. Растот и развојот на бебето го гледате, но постојат развојни показатели кои не можат да се видат и на кои не можете да влијаете, а се однесуваат на тежината, развојот на неговиот вид и сетилото за вкус. 

Во нивните мали тела се случуваат многу работи.

Добивање на тежина

Секој грам и сантиметар се многу важни. По класичното губење на тежината по раѓањето, бебињата во просек во првите три месеци дневно добиваат околу 28 грама. Потоа дневната килажа, се до првиот роденден, расте за околу 20 грама.

Бебето не чувствува сол

Дали сте знаеле дека бебе до четврти месец воопшто не може да ја препознае солта како вкус?

Слатко, горко и кисело се вкусови кои бебето може да ги препознае уште од раѓање, но дури околу четвртиот месец од животот на бебешките непца се создаваат рецептори за сол. И тоа не е се, бидејќи таа поврзаност е важна и поради бубрезите кои исто така до четвртиот месец немаат функција за користење на натриумот од организмот.

Дури по четвртиот месец бубрезите почнуваат да работат така како што треба. Ова е причина зошто не се препорачува користење на сол во исхраната на бебето до тој период.

Доволно натриум има во мајчиното млеко, адаптираното млеко, а подоцна и во овошјето и зеленчукот.

Развој на видот

Дали сте знаеле дека очите на бебето кога се раѓа веќе имаат околу 75 отсто од својата „возрасна” големина? Значи, по раѓањето очите во однос на остатокот од телото и сите други органи, ќе пораснат само уште малку. Но, тоа не значи дека очите веднаш се подготвени да гледаат се.

На почетокот бебињата гледаат матно, а ги препознаваат само објектите кои од очите му се оддалечени околу 30 сантиметри.

Вистинскиот „вид”, кога ќе гледаат и препознаваат се, доаѓа околу шестиот месец кога се препорачуваат и вежби со поместување и гледање на шарени предмети. Тоа не е неопходно, но таквите вежби не се само за очите, туку се одлични и за моториката кај бебињата.

loading...