Фантастичен ванила колач

864

Неодолива арома на ванила …

Потребно

За тестото

  • 4 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици брашно
  • 15 лажици масло
  • 15 лажици млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво

За филот

  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 500 мл млеко
  • 1 чаша (од 250 мл) шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер

За посипување

  • шеќер

Подготовка

  • Во еден сад ставете ги јајцата и шеќерот и изматете ги. Со постојано матење додадете ги и останатите состојки за тестото.
  • Половина од тестото сипете го во тава која претходно сте ја намастиле и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 5 минути.
  • За тоа врема подгответе го пудингот од ванила според упатсвото на пакувањето. Ванилиниот шеќер ставете го во млекото.
  • По печената кора распоредете го уште врелиот пудинг.
  • Над пудингот сипете го преостанатиот дел од тестото и ставете го повторно во рерна да се допече уште околу 15-20 минути, односно додека да добие убава светло-кафена боја.
  • Уште додека е врел посипете го со шеќер и оставете да се излади. Исечете го на парчиња и послужете.
loading...