ФАТАЛНАТА MONROE | Се продава едиторијал на згодната MARILYN | Фото

423

Снимен непосредно пред нејзината смрт, а поради ривалството со познатата колешка, на фотографот му дала ултиматум.

Аукциската куќа Heritage Auctions од Њујорк продава 12 интимни снимки на покојната холивудска дива Marilyn Monroe, а странските медиуми пренесуваат дека цената би можела да достигне 26.000 фунти.

Сексипилната русокоса позирала гола покрај базен непосредно пред нејзината смрт во август 1962 година, а втората серија на фотографии, на кои Monroe го слави 36-тиот роденден, ги снимил филмскиот продуцент Lawrence Schiller, кој тогаш имал само 25 години.

Денес 80-годишник, овие денови во едно интервју, се присетил на легендарното снимање со саканата актерка.

– Marilyn немала проблем со голотијата, но морав да испочитувам еден нејзин услов – таа ми рече: “Со фотографиите прави што сакаш, но ниту во лудило не сакам да ги видам во истиот весник кој ја објавува Елизабет Тејлор” – изјави Schiller.

Имено, на Monroe колешката и била омразена, бидејќи заработувала многу повеќе од неа. Така Marilyn често се жалела дека Тејлор од продуцентската куќа Фокс по филм заработувала милион долари, а таа едвај 125.000.

loading...