Фекална трансплантација | Дали навистина ви е потребна?

1483
Booking.com INT

Ако ви треба дополнителен приход, во Австралија можете да го продадете својот измет. Побарувачката е голема, но услов е вашата столица да е совршено здрава. По достава плаќаат 40, 50 евра.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Трансплантацијата на микроорганизми од фекалии сега се користи за да помогне во целата низа медицински проблеми, вклучувајќи ја мултиплекс склерозата или хроничната дијареа. Оттука, фекалиите се толку барани што во австралискиот Центар за дигестивни болести се подготвени да платат на луѓе со здрава столица.

За една испорака се плаќа 40, 50 евра, а можете да дојдете пет пати неделно, и така за една година можете да заработите околу 10 500 евра. Причината поради која се одлучиле да плаќаат за изметот е стимулот за “донирање” фекалии. Имено, листата на донатори е многу мала и не ги исполнуваат нивните потреби.

Сепак, не сите можат да ги продадат свои фекалии, бидејќи постојат строги критериуми за да ве земат в предвид како потенцијален донатор. Треба да дадете крв и три примероци од изметот, кои потоа одат на тестирање. Покрај тоа, вашата исхрана не треба да содржи пченка, школки, шунка, колбаси и антибиотици. Исто така, треба да живеете и во кругот на еден час од Центрот за гастроинтестинални заболувања, бидејќи фекалиите треба да бидат “свежи”.

Керин Барнет со својата фамилија

Веќе има луѓе на кои им помогнала трансплантацијата на столицата, а една од нив е и Керрин Барнет (38) мајка на три деца од Сиднеј.

Лекарите кажале дека ќе треба да ѝ се отстрани дебелото црево, заради гастропареза, ретка болест која ѝ го парализира желудникот, кој потоа не е во можност да ги вари хранливите материи. Операцијата би била неповратна, бидејќи лекарите планирале да ѝ го поврзат тенкото црево со ректумот. Сепак, еден специјалист предложил пресадување микроби од фекалии и Кери се согласила на операција со колоноскопија.

– Доаѓаш до точка во која си подготвен да се обидеш баш со сѐ за да живееш подолго. Имало толку многу моменти во последните три години, кога веќе немав надеж, но кога се согласив на трансплантацијата и толку брзо ги видов резултатите, бев воодушевена – изјави Керин, која сега многу подобро се чувствува.

Трансплантацијата, исто така, помогнала и на 21-годишната студентка од Сиднеј, Рејчел Чален. Неа столицата ѝ ја донирал нејзиниот во борба против хроничниот запек кој го развила во текот на тинејџерските години.

Рејчел Чален

“Имав денови кога умирав од болки и само можев да лежам во кревет. Мојата состојба повеќе не управува со мојот живот, а ако моето здравје повторно се влоши, дефинитивно ќе ја повторам целата процедура”, рече Рејчел.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...