Фејсбук конечно воведе опција која ќе ја користите секојдневно

537

Ако отворањето на Фејсбук е првата работа која ја правите кога ќе се разбудите наутро, тогаш ќе се воодушевите од новитетот на оваа социјална мрежа. 

За корисниците на Андроид и ИОС телефоните сега е достапна новата опција со која покрај нојновите вести наутро, секојдневно ќе ја добивате и дневната временска прогноза.

За сега е достапна само дневната температура, но наскоро ќе биде поставено и ново известување со кое ќе има и илустриран опис на временската прогноза, како и линк со детални податоци кои ги вклучува и максималните и минималните температури.

Имено, ова не е се, гласините укажуваат на тоа дека социјалната мрежа наскоро може да почне да плаќа за нешто што буквално се прави секојдневно.

loading...