Филџан чај дневно може да спречи срцеви болести

932
Booking.com INT

Според американска студија, лица кои секојдневно пијат филџан чај имаат 35 отсто помал ризик да добијат срцев удар или некоја друга кардиоваскуларна болест во текот на животот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Доктор Елиот Милер и неговиот тим од болницата Џонс Хопкинс во Балтимор во САД, откриле дека чајот може да го заштити срцето, а доволно е велат само еден филџан чај дневно, црн или зелен.

Научниците испитувале 600 здрави мажи и жени кои во својата историја на болести немале срцеви заболувања. Во текот на истражувањето следеле кои волонтери имале срцев удар, мозочен удар, болки во градниот кош или други болести на срцето. Исто така, во период од пет години, ги мереле наслагите на калциум во крвните садови на доброволците споредувајќи ги со претходните резултати.

%d1%87%d0%b0%d1%982-001Резултатите покажале дека луѓето кои пијат чај (од еден до три филџани дневно) имале 35 отсто помал ризик за развој на срцеви болести од другите волонтери. Исто така, имале помалку наслаги на калциум во артериите.

Иако истражувањето не е целосно, научниците вопоставиле директна врска меѓу конзумирањето на чај и отсустноста на болести на срцето. Сметаат дека причина се флавиноидите во чајот (антиоксиданс кој штити од срцеви болести).

Иако филџан чај веројатно нема да биде доволна да ве заштити од срцеви болести, во секој случај може да биде корисна.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...