„Форбс“ | Гробот на Аристотел? Не толку брзо, велат класичарите

730
Booking.com INT

Престижниот магазин „Форбс“ објавува сторија за тврдењата на грчкиот археолог Костас Сисманидис, кој на конфереција по повод 2400 години од раѓањето на Аристотел, соопшти дека го нашол гробот на филозофот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Контроверзната објава се базира врз наодите од дведецениско ископување во Стагира, каде што познатиот филозоф Аристотел е роден околу 384 година п.н.е. Археолозите таму откриле мермерен под од мал објект, кој се наоѓа во близина на центарот на градот. На местото биле пронајдени и керамика, керамички садови и монети од четвртиот век пред нашата ера.

Но, како што наведува „Форбс“, „проблемот е во тоа што врз сето тоа било изградена многу подоцнежна византиска структура“.

Аристотел не починал во Стагира, туку во Халкис (денешна Халкида) во 322 година п.н.е. Идејата, е дека Аристотел бил кремиран во Халкис, а потоа неговата пепел била префрлена во неговото родно место Стагира. И тука работите стануваат збунувачки, нагласува магазинот.

Гробот на Аристотел3

Дејвид Медоус, класичар кој долги години го пишува блогот „Роуг Класицизм“ ги доведува во прашање тврдењата за кремирање и репатријација.

– Ако идентификацијата ја базираме врз тврдењата за враќање на пепелта, едно нешто навистина би сакал да знам, кога требало да се случи враќањето на пепелта. Се обидов да пронајдам низ избрани биографии на Аристотел и не најдов ништо (што значи дека тие не се лесно достапни на интернет). Она што исто така ме мачи е тврдењето дека тој бил кремиран…, пишува Медоус, додавајќки дека спроед него, Аристотел не бил човек кој би очекувал да се случи такво нешто по неговата смрт.

Историчарката на класична уметност и археолог Жаклин Клементс, исто така, искажува загриженост на својот блог. Таа истакнува дека не постојат остеолошки наоди ниту натписи со кои ќе се потврди идентификацијата на објектот како гроб, и се жали на недостигот од конкретни информации во врска со археолошките ископувања.

И класичарката Едит Хол се согласува со останатите научници.

– Наречете ме циник, но дали археологот Костас Сисманидис навистина нашол барем еден траг докази дека во гробницата пронајдена во античка Стагира, многу одамна во 1996 година, се наоѓаат посмртните останки на Аристотел? По фијаското со „гробот на Александар“ во Амфиполис минатото лето, ние имаме право да бидеме скептични, пишува Хол.

И Сисманидис признава дека нема цврсти докази.

– Немам цврст доказ, но силни индикации ме доведоа до тоа да бидам речиси сигурен во врска со ова откритие, рекол грчкиот архолог.

Костас Сисманидис

Костас Сисманидис

– Тие посредни докази не се доволни за многу научници класичари. Додека грчкото Министерство за култура беше импресионирано од наодите. Аристид Балтас, помошник на министерот за култура, изјави за „Гардијан“ дека на академиците ќе им требаат повеќе детали. И навистина, научници како Клементс истакнуваат дека археолозите треба да „објавуваат правилно и да објавуваат внимателно“, пишува „Форбс“.

Пред да се извлечат заклучоци, потребни се повеќе факти од ова 20-годишно ископување. – Како што велат тие, вонредни тврдења, бараат вонредни докази, заклучува магазинот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...