Невидена паника во популарниот европски центар | Видео

2807

Децата врескале, луѓето газеле едни по други: Никогаш некоја плажа не се испразнила толку брзо.

Плажата во популарната туристичка дестинација на Mallorka кратко беше затворена во неделата откако ајкула донесе хаос меѓу капачите кои трчале во паника од морето.

Ајкулата со должина од 2,5 метри е забележана во плиткиот дел од плажата во Illetas, во близина на популарниот Magaluf, кратко време попладне.

loading...

Шокираните капачи снимиле фотографии кои сведочат за стравот кој се провлекол меѓу посетителите на плажата.

Спасувачите веднаш издале предупредување и почнале да викаат: “Сите надвор од водата.”

– Да, тоа е ајкула. Никогаш не сум видел плажа да се испразни толку брзо, напиша еден турист на Твитер.

Припадниците на цивилната гарда вовеле контрола на областа неколку часа по немилиот инцидент, за да бидат сигурни дека ајкулата нема повторно да се појави. Плажата потоа беше затворена откако ајкулата, за која се сметало дека е иста, повторно се појавила.

Подоцна во текот на денот, плажата повторно беше отворена за капачите, но, спасувачките служби вовеле ограничувања на движењето во морето, ги враќале луѓето кои сакале да пливаат премногу далеку.

loading...