Фрижидер виновник за пожарот | Прва снимка од внатрешноста на изгорениот облакодер | Фото/Видео

720

Пријателот на Етиопјанецот, чиј расипан фрижидер наводно го предизвикал пожарот во Grenfell кулата вели дека тој сѐ уште е во шок и дека во моментов не може да зборува за трагедијата.

Таксистот од Етиопија Behailu Kebede чиј расипан фрижидер наводно го предизвикал пожарот во Grenfell во која загинале најмалку 17 лица, потресен е од трагедијата која, како што му рече на пријателот, засекогаш ќе го прогонува.

“Тој е сѐ уште во шок. Ми кажа дека ги предупредил соседите кога го видел чадот во кујната на неговиот стан, на четвртиот кат. Оваа трагедија го прогонува”, рече пријателот.

loading...

“Тој немал поим дека толку мал оган ќе предизвика таква катастрофа, дека толку многу луѓе ќе загинат. Тој е мил и љубезен човек, со меко срце. Јас го познавам со години, и тој тешко се справува со сето она што се случило: Постојано повторува: Луѓето ги загубија своите животи, јас не можам тоа да го издржам”, вели неговиот пријател.

“Тој се обвинува, иако свесен дека ништо не можел да стори”, додаде тој.

Кебеде се доселил во зградата во 1990 година. Во Велика Британија дојде со двајца помлади браќа и веднаш поднеле барање за азил.

“Јас често го посетував во станот. Секогаш беше насмеан и весел. Едноставно ни одеше муабетот. Но, денес тој звучи. Ми кажа дека страшно се чувствува заради смртта на толку многу луѓе, вклучувајќи ги и неговите пријатели. Тој никогаш нема да може тоа да го заборави”, рече пријателот.

Кебеде ги зграпчил своите работи пред да истрча од станот и почнал да им тропа на соседите по вратите за да ги предупреди на огнот. Пријателот, вели Кебеде, веднаш откако ги видел искрите од фрижидерот, го запалил противпожарниот аларм.

“Ја видов торбата со неговите работи пред станот”

Maryann Adam

Неговата прва соседка Maryann Adam (41) изјави за The Sun:

“Беше точно 00:50 часот наутро кога слушнав како некој тропа на вратата. Веќе спиев, а тој ме разбуди со тропањето. Видов торба со неговите работи пред станот. Како што тој ја остави вратата отворена, можев да видам пожар во кујната , тогаш не беше голем, но не го слушнав алармот”, изјави Adam.

Пожарникарите во 00:54 добиле повик за пожар и за само шест минути пристигнале во кулата, но огнот се ширел брзо и немало помош.

Eshete Meried, уште еден пријател на Kebed, рече дека тој не е во можност да разговара со никого. Очигледно, се снашол за привремено сместување кај пријателите.

Тој вели дека полицијата му рекла на Kebed да не зборува за деталите на несреќата, бидејќи истрагата е во тек.

Кебеде за The Sun само кратко рече: “Не можам да ви кажам ништо, јас сум премногу зафатен сега. Довидување.”

Прва снимка од изгорениот облакодер

Се појави и првата снимка на внатрешноста од опжарената 24 катницата. На самиот почеток се гледа поплавена гаража и подрумски простории. Потоа можат да се видат расфрланите предмети, мебел и велосипеди по ходниците и скалите.

Сѐ беше целосно уништено.

Најмалку 65 лица исчезнати

Британскиот таблоид The Sun во петокот објави дека по пожарот во зградата Grenfell Tower во западен Лондон, 65 лица сѐ уште се водат како исчезнати или се стравува дека се мртви.

Полицијата во четвртокот изјави дека бројот на жртвите се искачил на 17, и се очекува дека ќе продолжи да расте. Во болниците има 37 лица од кои 17 сѐ уште се на интензивна нега.

На прашањето на новинарите во четвртокот дали бројот на жртвите би можел да надмине сто, шефот на полицијата во Лондон Stuart Cundy рече дека се надева дека бројот нема да биде трицифрен.

Пожарот ја зафати 24 ката висока Grenfell Tower во западен Лондон во средата рано наутро.

Комесарот на лондонските пожарникари Dany Cotton рече дека истрагата на објектот “би можела да трае со недели.” Според пожарникарите, во зградата сѐ уште е “непознат бројот” луѓе, но се верува дека нема преживеани.

Полицијата предупредила дека можеби никогаш нема да може да ги идентификува сите оние што загинале во пожарот.

Службите за итни случаи во петокот, третиот ден по ред ја пребарувале висококатницата Grenfell во Северен Кенсингтон.

Премиерката Theresa May нареди темелна јавна истрага и кажала дека жртвите “заслужуваат одговори”, објави BBC.

loading...