Фурнаринки

1806

Домашно подготвени крцкави фурнаринки, идеални како прилог на секое јадење …

Потребно 

  • 260 гр брашно
  • 60 гр пченкарно брашно
  • 80 мл масло за готвење
  • 160 мл млака вода
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 кесичка сув квасец

За посипување 

  • сол
  • малку сусам, мелена црвена пиперка, ким
loading...

Подготовка

  • Во еден подлабок сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
  • Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
  • Со помош на нож, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
  • Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и посипете со сусам, сол и црвен пипер.
  • Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги.
loading...