Футура – модерни и вонвременски лустери

725

Осветлувањето повеќе не е само обичен извор на светлина, туку исто така и многу важен дел од дизајнот.

Лампите и лустерите мораме да ги бираме многу внимателно за да го истакнеме декорот на целиот простор. Осветлувањето кое ви го претставуваме доаѓа како идеален избор за сите луѓе кои сакаат да внесат во својот простор изглед кој никогаш не излегува од мода и совршено се вклопува во сите стилови и декорот на ентериерот.

Лустерите „Футура“, дело на студијата „Хангар Дизајн“ и „Вистоси“, поседуваат многу интересна естетика. Осветлувањето „Футура“ создава бранови со својата форма, додека за нејзиното креирање користени се транспаретни и проѕирни материјали.

loading...

Интересниот дел од иновацијата се наоѓа на самото дно на овие лустери. Иако некој може да помисли дека материјалот кој таму се наоѓа е пластика, па дури и мермер, долниот дел на овие светла всушност е креиран од стакло и е проѕирен со употреба на посебни техники на рачна изработка.

Студиото „Хангар Дизајн“ не сака да открие кои се техниките, но како и да е, ние добиваме дизајн на осветлување кој истовремено успева да биде современ и футуристички.

Со овие лустери доаѓа и широка лепеза на комбинации на бои, така да наоѓањето на вистинската боја која се вклопува во секој ентериер е многу едноставна задача, а тие можат да бидат закачени поединечно или во цела композиција од неколку до десет светла заедно, за да пружат вистинско уживање во прекрасно осветлениот ефект кој го создаваат.

loading...