Херој | Кучето се фрлило пред автобусот и на слепиот сопственик му го спаси животот – Видео

310

Фиго е куче водич и својата работа ја сфаќа многу, многу сериозно. Толку сериозно што се фрлил пред автобусот за да го спаси животот на сопственикот. И двајцата преживеале.

Безгрижен возач на мини автобуси во вторникот во Њујорк удри 62-годишнна слепа Одри Стоун и нејзиното куче водич Фиго. Таа го скрши глуждот, неколку ребра и лактот, но таа, како Фиго, се наоѓаат вон животна опасност. Златниот ретривер Фиго заработил повреда на предните нозе кои веднаш се оперирани, а тркалото му одра дел од крзното.

Но, работите би можеле да поминат полошо да не реагирал Фиго кој скокна меѓу сопственикот и автобусот за да ја заштити од ударот на возилото. Иако обично се движи од десна страна сопственикот, Фиго во момрнтот скокнал на левата страна и така го ублажил ударот.

loading...

На самото место, по неколку минути се појавија пожарникари и брза помош.

ФИГО3-001

Иако било повредено, кучето во болка ползело до неговиот сопственик, кој лежел неподвижен, изјави минувач за USA Today.

– Се сеќавам дека Фиго се обидуваше да ми пријде, но не знаеше што да прави, бидејќи знаеше дека сум повредена, рече Одри која има многу ограничен вид и распознава само сенки.

Пожарникарите сведочеа дека Фиго бил многу храбар и не пуштил ниту глас на местото на настанот, ниту кога по пат кога го носеа во ветеринарна на операција. Малку изгубен, затоа што беше одвоен од својата сакана сопстевничка со која е веќе шест години.

Првото нешто за што се заинтересира Одри во болницата беше како е Фиго и дали со него сѐ е во ред.

– Му благодарам нбему и благодарам на Бога што го имам Фиго. Благодарна сум што преживеал, изјави Одри за CNN.

– Јас само сакам што е можно поскоро да се опоравам и да си одам дома кај своето куче, заклучи на крај.

loading...