Хибридни авиони кои можат да ги преполоват трошоците за летовите

748

Хибридните авиони на компанијата Зунум Аеро можат да ги преполоват трошоците на летовите.

Компанијата Зунум Аеро која има поддршка од компаниите Боинг и Џет Блу, може да ја почне златната ера на патување со авиони.

Зунум Аеро веќе три години развива мали авиони со хибридно-електричен погон, кој може да претставува почеток „на златна ера на брзо и ефтино електрично патување со авион”.

loading...

Авионите на Зунум ветуваат дека локалните летови ќе станат алтернатива на автомобилите и брзите возови. Се работи за авиони со 10 до 50 седишта, кои ќе го намалат времето на патувањата за 40 до 80 отсто, така на пример лет од Силиконската долина и Лос Анџелес би траел 2,5 часа намето 5 часа. Благодарение на ниските трошоци на летовите, картите ќе чинат 40 до 80 отсто помалку од сегашните.

Авионите ќе користат гориво само тогаш кога тоа е неопходно, така емисијата ќе се намали за дури 80 отсто. Развојот на батериите напредува, така тие ќе трошат се помалку енергија, а емисијата ќе биде еднаква на нула. Се работи за хибридно-електричен погон, технологија која ветува која и НАСА ја развива за сопствените електрични авиони.

Зунум Аеро моментално работи на добивање на сертификат за електричен авион, а сето тоа треба да биде подготвено за идната година. Летовите на првите авиони се очекуваат по 2020 година, а првиот ќе лета до 1.127 км. Целта на компанијата е да направи авиони со должина на лет од 1.600 км.

loading...