Хидроцефалус (водена глава) – причини, симптоми и лекување

1472

Хидроцефалус е собирање течности во шуплините (коморите) длабоко во мозокот. Вишокот течност ги проширува коморите и создава притисок во мозокот. Обично цереброспиналната течност (CSF) тече низ коморите и купата на мозокот и ‘рбетот.

Притисокот настанува со зголемување на нивото на цереброспиналната течност поврзана со хидроцефалусот може да го оштети мозочното ткиво и да предизвика големи оштетување на функцијата на мозокот. Иако хидроцефалусот може да се открие на било која возраст, обично се јавува кај доенчињата и постарите лица.

Со хируршки зафат, нивото на цереброспиналната течност може да се врати во нормала (цереброспинална течност може да се врати на нормалното ниво). Често се потребни различни интервенции (или разни зафати) за рехабилитација на симптомите или функционалните нарушувања кои настанале од хидроцефалусот.

Причините за хидроцефалус

loading...

Хидроцефалусот се јавува како резултат на неизедначеноста помеѓу произведената количина на цереброспиналната течност и количината на течноста која се апсорбира во крвотокот. Цереброспиналната течност ја производуваат ткива кои ги обложуваат коморите на мозокот. Таа тече низ коморите преку меѓусебно поврзаните канали и на крајот се влева во просторите околу мозокот и ‘рбетот каде што ја апсорбираат пред сѐ крвните садови во ткивото близу базата на мозокот.

Цереброспинална течност има многу важна улога во функцијата на мозокот:

  • Mу овозможува на тешкиот мозок да плови во внатрешноста на черепот
  • Ги амортизира удариte штитејќи го мозокот од повреди
  • Ги отстранува отпадните материи на метаболизмот на мозокот

Вишокот на цереброспиналната течност во коморите се должи на следниве причини:

Опструкција – Најчест проблем е делумно попречување на нормалниот проток на течностa, или од една до друга комора, или од комора до другите простори околу мозокот

Лошата апсорпција – Поредок проблем e со механизмот кој им овозможува на крвните садови апсорбција на целеброспиналната течност. Тоа често е поврзано со воспаленијата на мозочните ткива предизвикани од болести или повреди

Хиперпродукција – Се јавува кога механизмите за производство на цереброспиналната течност произведуваат повеќе од вообичаеното и побрзо отколку што може да се апсорбира.

Симптоми на хидроцефалус

Знаци и симптоми на хидроцефалусот варираат во голема мерка во зависност од возраста.

Доенчиња

Вообичаени знаци и симптоми на хидроцефалус кај доенчиња вклучуваат:

  • невообичаено голема глава
  • ненадејно зголемување на големината на главата
  • конвексна (испапчена) или напната фонтанела на врвот на главата
  • повраќање
  • поспаност
  • раздразливост
  • лошата исхрана
  • напади
  • очите насочени надолу
  • недостаток на мускулна маса и сила

Млади и постари деца

Вообичаените знаци и симптоми на хидроцефалус се:

  • главоболка
  • замаглен поглед или двојно гледање
  • абнормално зголемување на главата
  • поспаност
  • потешкотии при будењето и будноста
  • гадење или повраќање
  • нестабилна рамнотежа (нестабилност, нерамнотежа)
  • лоша координација
  • слаб апетит
  • напади
  • раздразливост
  • промена во личноста
  • проблеми со внимание
  • слабиот успех на училиште
  • пречки или проблеми со веќе научените вештини (на пр. одење или зборување)

Млади и средовечни лица

Вообичаени знаци и симптоми на хидроцефалус за оваа група се:

  • главоболка
  • потешкотии при будењето и будноста
  • губење на координацијата и рамнотежата
  • губење на контролата на мочниот меур или честа потреба за мокрење
  • оштетување на видот
  • пад на меморијата и концентрацијата, и други вештини кои можат да влијаат на работната ефикасност

Постари лица

Вообичаени симптоми и знаци на хидроцефалус кај лицата постари од 60 години:

  • губење на контролата на мочниот меур или честа потреба за мокрење
  • губење на меморија
  • прогресивна загуба на размислување и расудување
  • потешкотии при одење
  • губење на координацијата и рамнотежата
  • отежнато движење

Кога треба да се посети лекар

Побарајте итна медицинска помош, ако бебињата или малите деца ги имаат следниве симптоми:

  • пискаво плачење
  • проблеми со доењето или хранењето
  • необјасниво често повраќање
  • немоќ да ја свитка главата или поместува вратот
  • тешкотии при дишењето
  • напади

Лекување на хидроцефалус

Постојат два начини на хируршки третман кои можат да се применат кај хидроцефалус:

Свртница

Најчестиот вид на лекување на хидроцефалус е хируршко вградување на систем на одводнување кој е наречен свртница. Се состои од долга, флексибилна цевка со вентил која се грижи течноста да тече од мозокот во вистинска насока и при соодветна брзина. Едниот крај на цевката обично е поставен во една од мозочните комори. Цевката потоа под кожата е насочена на другиот дел на телото, каде што вишокот на цереброспиналната течност се апсорбира полесно, како што се стомакот или срцевата комора. Луѓето кои имаат (се болни од) хидроцефалус обично имаат вградена свртница до крајот на животот со редовно следење.

Ендоскопска вентрикулостомија на третата мозочна комора

Ендоскопска вентрикулостомија е хируршки зафат кој може да се примени во третманот на хидроцефалус. Хирургот користи мала камера, која му овозможува директна слика внатре во мозокот и прави дупка на дното на една од коморите или помеѓу коморите, што овозможува протокот на цереброспиналната течност од мозокот.

Компликации од операцијата

И двата хируршки зафати можат да доведат до компликации. Системот свртница може да престане да дренира или слабо да ја регулира одвоената цереброспиналната течност поради механички дефект, блокада или инфекција. Компликациите кои може да ги предизвика вентрикулостомијата се крварењето и инфекциите. Секој пропуст бара брза реакција, хируршка ревизија или друга интервенција.

Знаци и симптоми на проблемите вклучуваат

  • треска
  • раздразливост
  • поспаност
  • гадење или повраќање
  • главоболка
  • проблеми со видот
  • црвенило, болка или чувствителност на кожата во областите каде што цевката минува
  • абдоминална болка ако цевката е во стомакот
  • повторување на секој од примарните симптоми на хидроцефалус

Некои луѓе кои страдаат од хидроцефалус, особено децата, можеби ќе имаат потреба од дополнително лекување, во зависност од тежината на долгорочните компликации на хидроцефалусот.

loading...