Хормон кој ја поттикнува емпатијата

1149

Окситоцинот е хормон кој игра важна улога за време на порадувањето и доењето, а заслужен е и за поврзаноста која се создава меѓу мајката и детето.

Од друга страна, окситоцинот исто така се лачи за време на сексуаланиот однос, кај двата пола, и ја поттикнува нежноста и поврзаноста меѓу партнерите.

Меѓутоа, неодамна едно британско истражување покажа дека овој хормон влијае и на способноста за емпатија.

Имено, лицата со помалку окситоцин (при психолошки нарушувања или хируршка интервенција на хипофиза која го лачи овој хормон) можат да имаат потешкотии да ги препознаат емоциите кај другите луѓе, што може да влијае на квалитетот на нивниот социјалн живот.

loading...