Хороскоп | Водолија – Доблести и маани

4330

За да се релаксирате малку, еве еден лесен астро текст. Секој астролошки знак има свои добри и лоши особини, свои предности и слабости.

Земете длето на мудроста во свои раце, и трансформирајте ги своите недостатоци во предности, претворете ги своите порази во победа! Што да направите другите повеќе да ве сакаат, да ве разберат, прифатат, а при тоа да не бидете марионета во рацете на другите.

Како да бидете свои и да останете само свои? Вашиот астролошки знак ја открива тајната …

loading...

Водолија – Предности и слабости

Водолија – Имате слободен и независен дух, многу често сте со прогресивни идеи, голема, речиси брилијантна интелигенција. Поседувате голема креативна енергија, брзо размислувате и многу сте креативни. Вие сте необична комбинација на активна жива имагинација и интелект. Сакате другите да мислат за вас и да ве доживуваат како извонредни луѓе, со несекојдневен калибар, што вие и сте, дури и покрај тоа што се обидувате да оставите впечаток дека не ви е гајле што другите мислат за вас. Сакате да се издигнете над просечноста и секојдневниот живот, па во некои моменти можете да се однесувате чудно, ексцентрично, егоцентрично. Ова понекогаш може да го потемни сјајот, со кој една Водолија, инаку, зрачи.

Водоносецот е знак на човек ангел, со највисоки човечки квалитети, но Водолиите обожуваат понекогаш да се однесуваат сосема спротивно. Така понекогаш им доаѓа интересно, бидејќи ним често им е досадно тука на земјата, па така, самите со себе, и другите, се забавуваат, носејќи ја маската на бунтовник и нескротливост. Во своите длабочини се исклучително хумани и човечни, па најчесто поради својата непредвидлива природа одат од една во друга крајност, од грубост во нежност. Но, такви се децата на уран, никогаш не знаеш на што си со нив.

Ах, Водолии. Вие припаѓате меѓу ретките кои можат истовремено да извршуваат неколку задачи и тоа подеднакво добро. Вашата верба во себе самите е голема, и од неа црпите огромна, неуништива сила. Вие сте идеалисти, хуманисти и сонувачи, но, исто така, подготвени своите соништа да ги остварите. Обдарени сте со необична, несекојдневна привлечност. Во вас има нешто недопирливо, мистериозно, и токму тоа “нешто” ве прави интересна и привлечна за спротивниот пол.

Кога стет фатени во стапицата на умот и неговите игрици, станувате неумерени во сензуалните задоволства, а со тоа и исфрлени од сопствената рамнотежа. Вашата интуитивна разборитост знае да премине во итрина, своите вредности ги користите на другите да им ја наметнете својата волја. Стануватее прекумерно чувствителни на критика и одмаздољубиви. Таквите ситуации ги ублажувате со својата благородност и толеранција.

loading...