Хороскоп и карма | Еве зошто во животот ви се случуваат непријатности/неволји!

6730

Според брахманистичкото и будистичкото учење, кармата е принцип кој се заснова на моралните начела и верувања дека нашиот сегашен живот, карактер и судбина ги определиле дејствијата извршени во претходниот живот.

Таа ги претставува добрите и лошите дела на човекот со кој се определува нашата повторна инкарнација односно реинкарнација.

Врз основа на принципите на апсолутната правда, казна или награда, доктрината за кармата нѐ поттикнува да размислиме за своите постапки и да преземаме одговорност за својот живот.

ZodiacОвен (21 март – 20 април)

На луѓето родени во овој период кармички им е доделена исклучителна енергија, која се граничи со агресија, а воедно значи и бегство од монотонијата и самокритичноста. Со правилното користење на овие вродени квалитети луѓето полесно ќе ги извршат својата животна задача, која се состои во изнаоѓање на баланс во себеси. Бидејќи тие се растргнати помеѓу внатрешните и надворешните предизвици тешко ќе им биде да пронајдат мир и сигурност за кои тежнеат сѐ додека преку самопожртвуваноста и неуспесите не научат да се справуваат со животот и тогаш кога по нивните патеки не се расфрлани цвеќиња.

Сѐ што треба да се направи е да по многубројните искачувања (а особено падови) земат сила и да го отпуштат минатото без жалење и остатоци, да продолжат да живеат во сегашноста, гледајќи секогаш и исклучиво напред. Тие мораат, без горчина и самосожалување, да му овозможат на искуството да биде нивниот учител на животот и да пронајдат среќа и внатрешно исполнување во флексибилноста и разбирањето на животот како и во прифаќањето на своите и границите и можностите на другите.

ZodiacБик (21 април – 20 мај)

Кармичка задача на луѓето родени во знакот на Бик се базира на креирањето и отворањето на својот сопствен дух и пронаоѓање на патот кон мудроста, разбирањето и флексибилноста. На тие луѓе со раѓањето им е доделена сигурност и самодоверба на која би требало да се темелат сите други интерни надградувања. Зад нивната експлозивна реакција и наклонетост кон условување на средината на својата волја и на очекувањата најчесто се кријат сомнеж и страв дека промената на мислењето или околностите ќе донесат некој вид на загуба и пораз. Особено, критики од оние кои ги опкружуваат, а за чие мислење многу се грижат.

Изразито принципиелни, овие луѓе слушаат, а не дослушуваат, гледаат, а не догледуваат, живеејќи во погрешно уверување дека токму она што тие сметаат дека е вистина е единствената вистинска вистина. Затоа тие мора да научат да се борат против својот екстремен конзерватизам и тврдоглавост. Нивната задача се состои од тоа што ја контролираат сопствената енергија, што ќе им овозможи помалку да дејствуваат во насока на обавување на зададените цели, а повеќе да се посветат на размислување, анализирање и на сетилниот живот, а со тоа ќе си го отворат патот кон духовноста.

ZodiacБлизнаци (21 мај – 21 јуни)

Кармичка задача на Близнаците е да ја пронајдат хармонијата во својата двојна природа. Агилни, мобилни, љубопитни и непостојани, тие тешко ги финализираат задачите кои им се зададени, иако тежнеат да ги извршат. Вината за неуспесите кои произлегуваат од таквото однесување секогаш ја префрлуваат на некој друг, бегајќи така од соочување со самата суштина на своите проблеми. Нарцисоидни по природа, се гледаат како подобри од другите, сметајќи го за своето право да очекуваат најдобри позиции и признанија, а не сфаќаат дека такво нешто треба и да се заслужи.

Со оглед на тоа дека колку земните работи и духовните прашања ги привлекуваат, мора да научат како да ја совладаат својата површност, промени во расположението и противречностите меѓу своите размислувања и дејствувања. За да постигнат внатрешна рамнотежа треба да с е посветат на медитација, размислување и самокритичната анализа на сопствените постапки, а особено на трпение и упорноста. На тој начин ќе научат да препознаат решенија за нивните проблеми во она во кои досега не можеле да ги видат.

ZodiacРак (22 јуни-22 Јули)

Кармичка задача на Ракот е да ја развие својата физичка, материјална природа. Тие од својата претходна инкарнација ја наследиле развиената духовна свест, која сега треба да биде основа за градење на практичните извори на нивниот живот. Затоа мора да избегнуваат медитации и да се ослободат од прекумерната емотивност која во нив ја раѓа потребата за постојано докажување на љубов, грижа и посветеност. По својата природа Раковите не се воини и сосема е нереално да се очекува од нив борбеност или агресија. Кога се принудени да се борат за своите уверувања, од тие војни редовно се губитници, што е голем удар за нивната самодоверба и во нив раѓа нови комплекси и фрустрации. Затоа што таква борба не е фер и вознемирувачка е, треба да се држат настрана од неа. Наместо војна тивка доверба и самодоверба, врз основа на реални и докажани квалитети, ќе стане нивното најсилно оружје. Кога ќе сфатат дека духот и телото можат да бидат целосни, ќе поработат на својата самостојност и ќе сфатат дека справувањето со животот не мора да биде болно.

ZodiacЛав (23 јули – 23 август)

Од претходната инкарнација Лавовите во сегашниот живот носат развиена свест за реалноста. Тие во претходниот живот постигнале оптимален баланс меѓу духовните и материјалните аспирации и знаат како можат да си угодат на себеси и на нивната околина. Бидејќи со право во сите области од својот живот очекуваат да се почитува нивниот авторитет. Ако, меѓутоа и покрај своите квалитети претераат во себичноста и егоцентричноста, ќе го нарушат развојот на својата личност. Нивната кармичка задача се состои од тоа постојано да слушаат она што другите имаат да им кажат, и отворена и со неоптеретен дух учат од нив и им помагаат.

Бидејќи поседуваат вродена способност за разликување на доброто од лошото, ако веруваат на своите инстинкти нема да се најдат во опасност да “проголтаат” ништо неточно. Чесноста, отвореноста и леснотијата ќе им ја отворат секоја врата. Не смеат да омаловажуваат послаби од себе и да ги проценуваат животните вредности исклучво според сопствените критериуми. Тие треба да го разберат животот во целата негова разноликост и да го прифатат како таков.

ZodiacДевица (24. август – 22 септември)

На луѓето родени во овој период кармички им е доделена самодисциплина, со која здобиваат способност на соодветно однесување кон материјалните вредности, работа и учење. Сметаат дека со својата должност да своите чувства во име на повисоки цели, ги држат на поводник. Таквите постапки, кои се несфатливи за многу луѓе, несвесно ги изолираат од оние луѓе кои бараат потопли меѓучовечки односи и кои нивната несигурност и страв од интимност погрешно ја толкуваат како надмено студенило и недостапност. Затоа, задачата на овој знак е да научи да се грижи за другите и да изразува наклонетост и љубов, како со зборовите така и со делата. Тие мора да се тргаат од критикување и да не се откажуваат во обидите да ги разберат мотивите на другите луѓе.

Иако се подеднакво способни да даваат колку и да примаат, во сѐ што прават премногу се занимаваат со размислување за себеси и за својата позиција во целина, па би требало да направат повеќе напори да ги препознаваат сопствените чувства и повеќе да се потпираат на нив, на тој начин, избегнувајќи ја бескрајната самоанализа, која константно раѓа нови сомневања дека градат самодовербата во себе и своите одлуки.

ZodiacВага (23 септември – 22 октомври)

Вагите тежнеат кон рамнотежата помеѓу духот и материјата, и тешко е да се одлучат за каква било акција. Благи и помирувачки, не се подготвени да се вклучат во конфликти, дури и по цена на губење на сигурноста во себе. Но, вртејќи им го грбот на проблемите и постојано барајќи полесен начин, генерално, не постигнуваат ништо добро, туку поставуваат низа нови бариери во начинот на градење на сопствената личност. Нивната кармичка задача се состои од прифаќање на ризикот и внесување промени во својата статичност.

Откако ќе се отворат кон предизвиците, ризикувајќи ја својата лажна стабилност, тие можат да очекуваат поголеми животни достигнувања. Понекогаш на тоа ги учат падовите, кои се резултат на нивната прекумерна нестабилност и чувствителност и способност сами да се убедат дека тие се добри и тогаш кога тоа не се, па откако ќе ги исцрпат сите други можности ќе тргнат во борба за докажување на својата способност. Ако успеат да застанат на патот на својата инерција, научените лекции на овој начин во иднина ќе се покажат корисни. Клучните задачи на овој знак се зајакнување на храброста и иницијативи и непомирување со моменталната ситуација.

ZodiacСкорпија (23 октомври-22 ноември)

Луѓето родени во знакот на Шкорпија имаат огромна енергија, која кога не се контролира доволно може да стане разорувачка и деструктивна. Тие секогаш мора да имаат на ум дека можноста на изборот лежи во нив самите и не им се наметнати ниту со околности ниту со мислењето на околината. Нивната хедонистичка природа ги става во центарот на сите настани, предизвикувајќи ги да ѝ се спротивстават. Со чесност и верба, никогаш насилно, овие луѓе мора прво да научат како достоинствено се губи и се откажува, со цел да се подготват за одговорноста која носи успеси.

Кармичката задача на овој знак е во развивањето на логично размислување и зауздување на страстите. Нивната мотивација е подеднакво поврзана со желбата за освојување духовни висини, при што тие мора да знаат дека го попречуваат својот прекумерен ентузијазам и задоволство. Инсистирањето на решавање конфликтни ситуации со луѓе кои од различни причини ги сметаат за непријатели или ривали, наместо истите да ги елиминираат или да ги игнорираат – најмногу ќе им помогне во нивниот само-развој.

ZodiacСтрелец (23. ноември – 21 декември)

Луѓето родени во знакот на Стрелец во кармичка смисла, достигнале до фаза на созревање. Тие знаат која е нивната позиција во светот и не се оптоварени со внатрешните кризи и конфликти. Бидејќи постигнале рамнотежа помеѓу духот и материјата, сега е дозволено да поседуваат и материјални добра и да уживаат во земниот успех, под услов да останат отворени и великодушни. Споделување, солидарност, внимание и разбирање, како и помош и заштита на слабите, беспомошно и изгубено, би требало да станат нивната главна животна задача.

Правилен избор за нив е градење на мудроста во текот на целиот живот, без желба за одмазда или осудување. Изразената свест за сопствените способности најдобро ќе ја искористат ако користењето е за некое општо добро, наместо да се фокусираат на исполнување на своите потреби. Бидејќи нивниот апетит лесно може да стане премногу голем и да прерасне во алчност, нивната кармичка задача се состои од изградба на внатрешниот мир и избегнување каква било форма на себичност и посесивност. Тие мора јасно и објективно да изберат цели за своите постапки, не трошејќи енергија таму каде тоа не е потребно.

ZodiacЈарец (22 декември – 20 јануари)

На луѓето родени во знакот на Јарец кармички им е доделена способноста за издигнување на духот над материјата. Тие имаат за цел постигнување на супериорно знаење и на тој пат често поминуваат низ разни искушенија. Во текот на животот, често се соочени со недостаток на разбирање на околината, која тешко ги прифаќа нивните идеи или ставови. Чувствителни во душата, не се приспособуваат лесно и обично со бруталноста ќе ги прикријат своите вистински чувства. Кога би требало да бираат, тие попрво ќе се одлучат за критика отколку за разбирање, и попрво за одмазда отколку за простување. Тие не можат да се откажат од прекрасниот вкус на победата, па дури и по цена такво задоволство да им донесе повеќе штета отколку добро.

Затоа мора да научат како да не бидат цинични и со негативен став кон својата околина, во обид да ја докажат својата интелектуална супериорност. Признанијата кои ги добиваат често се заслужени, тие ќе ги добијат, но не знаат да ја покажат топлината и благодарноста. Од друга страна, пак, нивната подготвеност за саможртвување и одрекување понекогаш се граничи со фанатизам. Мора да избегнуваат изолација во тишина и осаменост и да се присилат на социјални контакти. Треба да научат како да се отворат и да воспостават блиски односи со другите луѓе.

ZodiacВодолија (21 јануари – 19 февруари)

Луѓето родени во знакот на Водолија кармички се оптоварени со потешкотии во решавањето на конфликтите со своето минато. Ограниченото воспитување, моралот и стравот од авторитети го попречуваат нивниот слободен и неоптеретен дух, наметнувајќи им премногу разум и претпазливост да се осмелат да го ослободат навистина да полета. Овие луѓе често се жртви на наметнати компромиси, фиктивни обврски и одговорности, со кои го оправдуваат недостатокот на храброст својот живот да го креираат во согласност со сопствените желби. Нивното бегство во крајност е последица на недостаток на свест за можност на избор.

Тие мора да се борат против својата внатрешна подвоеност и да преземат одговорност за своите постапки. Тие се плашат од реакциите и критиките на околината, па иако се дарежливи и ги сакаат луѓето, постојано живеат во страв дека ќе бидат предадени и оставени и затоа подобро бираат привидна сигурност отколку отворен предизвик. Нивните активности ги оправдуваат со алтруизам и со повисоки цели, иако всушност, тоа е само страв од последиците на сопственото делување. За да вистински ја завршат својата задача мора да го прифатат ризикот.

ZodiacРиби (20 февруари – 20 март)

Иако на знакот Риби кармички му е доделена значителна способност на интуитивното размислување и дејствување, припадниците на овој знак се често збунети од реакциите и притисоците на околината и врзани се со желба на секој да му угодат; одговараат на барањата и очекувањата кои не се во нивен интерес. Ако направат грешка на нозе ќе издржат неподнослива измислена казна, која самите си ја наметнале, сметајќи ја за отплата на долгот, наместо ситуацијата да ја променат во своја полза. Што и да направат Рибите би требало да се потпираат на сопствените инстинкти и да не придаваат премногу внимание на разумот ниту да се додворуваат на мислењето на другите луѓе за тоа што е добро за нив.

Бидејќи нивните чувства, по правило, се точни, сѐ што треба да направат е да ги усогласат своите постапки со своите емоции. При тоа не мора да се борат, доволно е да бидат искрени и да се препуштат. Нешто да се бара значи и да се добие и да се даде. Нивната кармичка задача се состои од избегнување на силата и барање на сопствен пат, без додворување на потребите на другите.

Тие мораат одлучно да ги елиминираат сите ситуации во кои присилно се принудени да прават нешто што не им одговара.