ХОРОСКОП – Доблести и маани на хороскопските знаци

1592

За да се релаксирате малку, еве еден лесен астро текст. Секој астролошки знак има свои добри и лоши особини, свои предности и слабости.

Земете длето на мудроста во свои раце, и трансформирајте ги своите недостатоци во предности, претворете ги своите порази во победа! Што да направите другите повеќе да ве сакаат, да ве разберат, прифатат, а при тоа да не бидете марионета во рацете на другите.

Како да бидете свои и да останете само свои? Вашиот астролошки знак ја открива тајната …

ОВЕН – Предности и слабости

Овен – секогаш тежнее да остави најдобар можен впечаток, вистински да заблеска. Без разлика дали станува збор за закажаниот работен состанок или само социјална одговорност, вашите партнери во дијалог ќе бидат воодушевени од вашата директност и искреност.

Поседувате голема движечка, стимулиативна и витална енергија. Сакате слобода, независност и самостојност. Енергични, импулсивни, се залагате за лидерство и во секоја ситуација во која ќе се најдете себе си, сакате да ја преземете одговорноста. На животот му пристапувате смело, директно и цврсто. Чувствата ви се силни, страстни и длабоки. Со својот голем магнетизам силно го привлекувате спротивниот пол.

За да постигнете хармонија во својот живот, ќе треба да воведете строга контрола на емоциите, особено на гневот и љубомората. Вашата планета, Марс, бара самодисциплина, особено заради динамичката сила која во себе ја имаат сите личности со ознака оган.

Негативната страна на Овенот е што вашата иницијатива (што е за пофалба) знае да премине во избрзаност, а храброст – во непромисленост, и заборава на можните последици. Вашите силни емоции стануваат понекогаш неконтролирани. Сепак, ако успеете тоа да го надминете со вродената комбинација на бестрашност и самодисциплина, која понекогаш заборавате да ја користите, можете да се развиете во една блескава, многу квалитетна личност.

Обидете се сѐ да правите со посебна учтивост, бидејќи вашите манири кои знаат да бидат многу замачкани, поради рефлексијата на опозициониот знак на Вага (Земјата на Овните се наоѓа во Вагата), нема да остави никого рамнодушен, а вие ќе се чувствувате добро, поради сознанието дека другите имаат доверба во вас, и вашата секогаш изразена желба да не ги разочарате.

БИК – Предности и слабости

БИК – Поседувате една извонредна карактеристика, од која е потребно само да издувате малку прашина за да заблескате во полн сјај, а тоа е вашата упорност, истрајност и верба во она што го правите. Сепак, од друга страна, вашата љубопитност веднаш да го дознаете исходот, понекогаш спречува работите да се одвиваат како што би требало, па така погрижете се да го користите вашиот интелект, за да вашата вродена упорност надвладее над вашето повремено нетрпение.

Вие сте многу добродушно и љубезно лице, но понекогаш ви се чини дека тие две неверојатни карактеристики ја немаат потребната сила да остават траен впечаток. Бидете трпеливи и почекајте го резултатот. Ништо нема да ве чини на луѓето околу себе да им ја подарите атрактивната насмевка, која освојува и тешко се заборава. Имате топло срце, силна голема моќ на привлекување, специфичен шарм. Интуитивно ги разбирате човечките желби и потреби. Имате свое темпо на живот и работа, а не поднесувате брзање и ненадејни промени.

Луѓето често вашата промисленост и одредена бавност ги толкуваат како мрзеливост и недостаток на интерес. Сакате да се движите по проверени, утврдени патеки. Добри сте борци, самоуверени, бестрашни и способни да влијаете на другите луѓе и ги поттикнувате на позитивни акциии.

Вие сте свесни за моќта на зборовите и како тие треба да се користат. Пазете се од своите негативни моќи, кога вашиот реформски дух станува духот на бунтот, па често наместо да поправате и проширувате, чувствувате желба да уривате и да уништувате, без оглед на можните последици.

Умеете понекогаш да бидете сурови, непопустливи и немилосрдни. Вашиот најголем подарок е смисла за настап. Ако го поврзете со шармот и вештините за управување, можете да направите чуда.

БЛИЗНАЦИ – Предности и слабости

Близнаци – Зрачите со динамика, оптимизам и волја за живот. Вашето добро расположение делува заразно на околината. Нешто необично во вашето однесување прави секогаш да делувате помладо отколку што навистина сте. Вие сте секогаш во потрага по забава, а средбите со луѓе се, за вас, најголемата забава. Оставата добар прв впечаток на луѓето како од шега, но ако сакате тоа чувство да опстојува, ќе треба да вложите екстра напор. Кај вас сѐ се прашање на момент. Вие сте како ветер. Никогаш не се знае од каде “дува”. Бидете внимателни на другите да не им фрлате прав во очите. Штета би било да не ги видат сите ваши квалитети. Многу сте интелигентни.

Вие сте голем мислител. Вашиот ум е опремен со смисла за логика, добро забележува и заклучува. Одлични сте планери и организатори. Вие сте друштвени, гостопримливи, секогаш подготвени она што го имате да го споделите со другите. Вашата енергија е заразна и стимулативна. Конвенционални сте, но не и со тесни погледи, а при тоа и толерантни. Вие сте голем шармер, често расположението на друштвото зависи од вашето, кога сте добро расположен, сите околу вас “пукаат од радост”, а кога не сте во елемент, количината на позитивната енергија во универзумот се намалува.

Кога не сте во согласност со себе, станувате премногу критични и лицемерни, па другите можат да добијат погрешна слика за вас и да го потценат вашиот квалитет. Уште нешто типично за вас. Поради нетрпението, и поради стравот од грешка, попрво се откажувате од некоја акција и со тоа пропуштате можност и со тоа оневозможувате некој свој успех. Тогаш на другите им се чините површни, и некој на кој можат да се потпрат. Вашиот карактер бара постојана активност, многу одговорност и негување на благородни квалитети, со цел да се одржи вашата ментална рамнотежа.

РАК – Предности и слабости

Рак – Како да се снаоѓате секогаш во изразувањето на своите квалитети и способности. Вие сте ретка комбинација на силна интуитивна способност, со длабоки емоции и жив аналитички ум. Вие, исто така, можете да чувствувате и да мислите еднакво длабоко, што ви дава интуитивна интелигенција која знае како да дејствува со леснотија и природно. Сакате да уживате и способни сте да почувствувате големо сензуално задоволство. За жал, понекогаш, дозволувате со своите прекумерни чувства (кои знаат да преминат во песимизам и меланхолија), да дојдат до израз и да ја преплават логичката и аналитичката моќ на вашиот развиен ум. Често длабоко во себе, страдате поради емоционалното незадоволство.

Вие сте свесни дека вашето (не)расположение влијае на вашиот изглед, а кога, така понекогаш, се чувствувате лошо, вие сакате, буквално, да избегате и да се сокриете од целиот свет, и се повлекувате во својата кула на осаменост до моментот (затоа што сте деца на Месечината, и се однесувате како и Месечевите мени, за момент “растете” или “паѓате”, односно со променливо сте расположение), кога повторно ќе дојдете на светлината на денот (да не кажам ноќта, поради Месечината), светли, весели и секогаш подготвени за шега.

Треба да научите со оптимизам да се борите против своите негативни емоционални фази. Совладување на своите и разбирање на чувства на другите, е вашата примарна задача. Контролата на емоциите и дипломатијата ќе ви овозможат да доминирате во многу ситуации. Зад вашата привидна нежност, се крие железна одлучност. Кога им се препуштате на своите каприциозни расположенија, вие ја криете вистинската, сјајна природа на Ракот, која сјае зад емотивните облаци.

Совет за вас е – да ја развиете и вежбате својата интуиција, за да можете во вистинско време да знаете во која насока треба да одите. Позитивен креативен пристап кон животот, физичката активност, развојот на духовните способности и умереноста, тоа се факторите кои им помагнат на Раковите, секогаш да бидат на позитивната страна на животот.

ЛАВ – Предности и слабости

Лав – Давате изглед на лице со царско држење. Не е чудно, ако се знае дека лавот е крал на џунглата, а знакот на Лав, кралот на Зодијакот, затоа што Сонцето е владејачката планета на Лавовите, ѕвездата околу која се вртат сите планети. Немојте затоа да бидете горди и арогантни. Користете го она најважното што ви е дарувано од вашиот знак – доблеста на самопочитувањето и огромната самодоверба, но мора при тоа да ги вреднувате и другите.

Вие сте кралици и кралеви на Зодијакот, силни личности, со несекојдневен висок напон, кои директно и без страв приоѓаат кон сè во животот. За вас борбата е некој вид на стимулација, бидејќи во својата природа, носите нешто витешко, без разлика дали сте жена или маж. Поседувате огромна витална енергија, како и способност да поттикнете и ги насочите другите луѓе во нивниот секојдневен живот.

Полни сте со самодоверба и самите се придвижувате. Вие имате големо и топло срце. Она што ја попречува и ја деградира вашата прекрасна природа е посесивноста, љубомората и повремента ароганција. Главното средство за смирување на вашата експлозивна личност е контрола на прекумерниот излив на страст, бес, премногу силни емоции, како и негување на смислата за хумор.

Научете да простувате и да ги поттикнувате благородните страни на вашиот карактер. Вашата магнетската привлечност и природното достоинство ве прават многу омилени кај спротивниот пол. Копнеете за љубов и повеќе од било кој друг знак умеете да ја привлечете кон себе.

Само не бидете незадоволни, ако не сте секогаш во центарот на вниманието, особено на оние кои ги сакате. Ако ја вежбате и практикувате самоконтролата, ќе блескате во секоја ситуација. Вие сте одлична личности, кога сте она што всушност и сте; кога ќе се најдете во ситуација да не можете да промените ништо од она што ве загрижува, ќе најдете нешто со што тоа ќе го компензирате. Секогаш сте победници, што и да ви се случува!

ДЕВИЦА – Предности и слабости

Девица – Вие сте рационална, доверлива личност која е способна да развие високо ниво на вештини во сите оние видови на работа кои бараат внимание – прецизност, смисол за детали. Прецизни сте, се стремите кон совршенство, размислувате логично и конструктивно, со големо чувство на одговорност. Истрајни сте и сѐ што започнувате довршувате до крај. Лојални сте и фер. Животот многу сериозно го сфаќате, брилјантно ги контролирате вашите емоции, никогаш не се препуштате на самозадоволство.

Вардете се од овие крајности, бидејќи со прекумерната самодисциплина се губи радоста и задоволството од животот. А вие, всушност, длабоко во себе, криете голема желба за љубов, радост, голем сте “весељак“, само кога ќе го откопчате вашето “ментално” копче. Кога вашиот дух ќе се зголеми, кога се чувствувате задоволни со себе, чувствувате потреба своите блескави моменти да ги споделите со другите. Опуштете се, бидете поотворени во изразувањето на своите емоции, затоа што не е секој во состојба да ја види топлината која вешто ја контролирате.

На вашата верна природата тешко е да ѝ се одолее, но малку кој ќе ја пропушти шансата подобро да ве запознае, ако воопшто тоа е можно, затоа што знаете да бидете како затворена школка. Умеете да бидете премногу внимателни, недоверливи и со тоа да ги блокирате своите силни емоции и да ја губите својата смисла на иницијатива и претприемништво. Недостаток е тоа што имате премногу силна доза на понизност, што е инаку силен духовен квалитет, но понекогаш претерувајте во тоа. Наоружајте се со самодоверба и слободно покажете го раскошот на вашата квалитетна личност.

И уште нешто, не бидете премногу критички раположени кон другите и кон себе. Најсреќни сте кога сѐ до детали е разработено и кога оди сѐ според планот. Бидете спонтани и повеќе отворени, поспремни на по некој ризик, изненадете се себеси.

ВАГА –  Предности и слабости

Вага – Пораката за вас е јасно содржана во еден единствен збор – баланс. Два таса на вашиот знак симболизираат, од една страна строгост, а од друга – благост, простување.

Од вас се бара секогаш да проверувате, да ги разберете двете страни на некои сложени ситуации, на некој конфликт, пред да донесете некоја одлука или преземете некоја акција. Не би требало да си дозволите строгоста да премине во суровост, а нежноста во слабост! Потребно е да воспоставите склад кој е потребен за траен успех и среќа.

Во секојдневниот живот, имате две фази. Една во која барате од други големо внимание и љубов, да ви помогнат да се извлечете од емоционалните рани, фаза во која сте прекумерно зависни од емоциите на другите. Во втората фаза, сте полни со љубов и делувате со благост, која благотворно влијае врз околината, и такви сте добредојдени на секое место. Во првата фаза, функционирате како приемник, а во втората како предавател. Препознајте ги таквите ситуации, освестете ги во себе, па ќе живеете во хармонија со самите себе и со околината.

Во сѐ што ве опкружува барате убавина. Ретко ви е досадно, а не поднесувате и на самата помисла на здодевност и монотонија. Секогаш сакате внимание од другите луѓе, особено од луѓето што ги сакате. Секогаш сте гладни за љубов и никогаш не ви е доволно. Поради тоа, понекогаш, умеете да бидете зависни од партнерот, сакам да кажам, лесно се врзувате кога ќе се заљубите, а потоа станувате “слаби” кон саканото лице, и ја губите онаа ваша легендарна рамнотежа.

И покрај тоа што сте многу моќни, можете да бидете диктаторски настроени. Без разлика дали сте машко или женско (железната рака во мека ракавица). Вашата слаба точка е љубов, или подобро кажано, приврзаност со партнерот.

СКОРПИЈА – Предности и слабости

Скорпија – Специфичен шарм, магнетизам, креативна моќ, силна адаптибилност и силна натчовечка волја ја нагласуваат вашата личност. Вие меѓу првите ќе признаете дека атрактивниот изглед, најлесно и најбрзо дава добар прв впечаток, но дека тоа трае само еден миг, ако не постои подлабока поддршка, верувате дека внатрешната убавина ќе заблеска и ќе го промени надворешниот изглед, давајќи му одреден сјај кој другите ќе го забележат и ќе го ценат. Посебен квалитетот кој го поседувате и кој можете да го користите да се усреќите себеси и другите е вашата снаодливост.

Имате талент да го претворате негативното во позитивно (иако, понекогаш кога се чувствувате несфатени и неискористени на вистински начин, умеете тоа да го превртите … е тогаш на другите нема да им биде баш лесно) и да создаде од ништо нешто. Вие постојано треба да го негувате позитивниот став, кој би требало да се дизајнира, секаде каде и да се движите.

Вашите можности за успех се широки и различни, и ја покриваат речиси секоја област на создавањето. Голем магнетизам ви помага без видливи напори да го разбудите интересот каде и да се најдете. Во неизмерните длабочини на своето битие интуитивно “фаќате” и дешифрирате најдлабоки мисли и чувства на луѓето со кои сте опкружени.

Копнеете по љубов, со сето свое битие, длабоко и страсно, и лојални им сте на оние кои ги сакате. Конфликтот во вас се појавува помеѓу позитивниот креативен инстинкт и прекумерната желба за задоволство. Кога сте во негативно изразување, знаете да бидете немилосрдни кон чувствата и страдањата на другите. Контролајте ја својата осветољубивост, посесивност и љубомора.

СТРЕЛЕЦ – Предности и слабости

Стрелец – Од моментот кога ќе влезете во некоја соба, па сѐ додека не излезете, сите присутни, најчесто, уживаат во вашето друштво. Исклучително сте шармантни, природни, симпатични, духовити, директни и отворени. Бидете само внимателни, поради својата преголема отвореност и искреност, и како такви, често нетактични, умеете, ненамерно, да им наштетите на другите со своите забелешки и шеги на сметка на другите. Непријатната вистина треба да се избегнува или да се каже во блага форма. Не може секој да ги “проголта” вашите стрели на вистината, дури и покрај тоа што не сте злонамерни, туку само искрени.

Инаку многу сте благородни, со благородна природа, поради вашиот владетел Јупитер, а вие, во принцип, не се задржувате никаде подолго отколку што е потребно, и сметате дека добрите манири се услов за подобри односи со другите. Ako сте во можност да му искажете некому внимание или било каква добрина, нема да се двоумите. Како и кај Лавот, без разлика дали сте жена или маж, голем сте кавалер, витез, секогаш подготвен да помогне.

Вие сте независни личности, со голема динамична моќ. Вистинољубец сте, револуционерни, нескротливи. Поседувате иницијатива, решителност и добра координација на телото и на духот. Ненаситни сте во работата, во забавата или задоволствата, гостопримливи и љубезни, пријатни и дружељубиви, и многу омилени и кај едниот и кај другиот пол. Вашата ведрина и оптимизам се заразни за околината.

Поради огромната животна сила способни сте да влијаете врз другите, да ги упатувате и да ги поттикнувате на работа. При состојба на негативни чувства умеете да бидете премногу директни, нетактични, импулсивни, нетрпеливи кон слабостите на другите и невнимателни кон чувствата и желбите на другите. Вие треба да го контролирате својот говор, дури и ако ја браните вистината, мора да ја пласирате на понежен начин, за да спротивната страна може да го прими и свари.

ЈАРЕЦ – Предности и слабости

Јарец – Многумина ве нарекуваат санта мраз. Сликата која луѓето ја имаат за вас е, тоа што од нив секогаш го очекувате максимумот! Барате премногу, како од себе, така и од другите. Многу сте затворени и со задршка кон околината. Многу тешко ја покажувате својата вистинска емоција, својата вистинска природа. Ве краси сликата на ладна, неемотивна личност. Но, тоа е само вашата маска, студена и добро контролирана маска на Сатурн.

Вие сте едно топло срце обвиткано со ладна надворешност, па на другите им се чините резервирани и нечувствителни, но “мудрото око”, ќе воочи дека зад вашите ѕидови се крие нежна и романтична душа. Имате чувство за чесна “фер” игра во меѓучовечките односи, со леснотијата можете да се прилагодите на различни услови за живеење. Со исклучителна упорност одите низ животот. Сигурни сте, и на вашето добро однесување, речиси секогаш може да се смета. Ве краси изразен подарок на самоконтролата, а со вашата голема емотивна сила управуваат здравиот разум и силна волја. Ги разбирате другите луѓе и нивните (не)прилики и секогаш се трудите да ги поправите условите за живот во својата околина.

Кога сте во негативна фаза, дозволувате вашата емотивност и сочувство да преминат во песимизам и самосожалување, додека вашиот креативен оган станува во голема мерка деструктивен. Создавате ѕид околу себе, станувате лути на себе, ја губите самодовербата, поддршката, која на сите нѝ е потребна. Во такви ситуации, единствениот лек за вас е вродената смисла за хумор. Користете го. Негувајте весел пристап кон животот. За да вие “санти мраз” бидете освоени од спротивниот пол, потребно е многу љубов, топлина и внимание.

Само топол и нежен збор ќе го стопат мразот со кој сте опкружени и со кој, всушност, се браните од невозвратената љубов. Затоа што сте многу ранливи и со меко срце, само тоа добро го криете. Само се чини дека сте недостапни и ладни, а вие посакувате љубов и дружење.

Водолија – Предности и слабости

Водолија – Имате слободен и независен дух, многу често сте со прогресивни идеи, голема, речиси брилијантна интелигенција. Поседувате голема креативна енергија, брзо размислувате и многу сте креативни. Вие сте необична комбинација на активна жива имагинација и интелект. Сакате другите да мислат за вас и да ве доживуваат како извонредни луѓе, со несекојдневен калибар, што вие и сте, дури и покрај тоа што се обидувате да оставите впечаток дека не ви е гајле што другите мислат за вас. Сакате да се издигнете над просечноста и секојдневниот живот, па во некои моменти можете да се однесувате чудно, ексцентрично, егоцентрично. Ова понекогаш може да го потемни сјајот, со кој една Водолија, инаку, зрачи.

Водоносецот е знак на човек ангел, со  највисоки човечки квалитети, но Водолиите обожуваат понекогаш да се однесуваат сосема спротивно. Така понекогаш им доаѓа интересно, бидејќи ним често им е досадно тука на земјата, па така, самите со себе, и другите, се забавуваат, носејќи ја маската на бунтовник и нескротливост. Во своите длабочини се исклучително хумани и човечни, па најчесто поради својата непредвидлива природа одат од една во друга крајност, од грубост во нежност. Но, такви се децата на уран, никогаш не знаеш на што си со нив.

Ах, Водолии. Вие припаѓате меѓу ретките кои можат истовремено да извршуваат неколку задачи и тоа подеднакво добро. Вашата верба во себе самите е голема, и од неа црпите огромна, неуништива сила. Вие сте идеалисти, хуманисти и сонувачи, но, исто така, подготвени своите соништа да ги остварите. Обдарени сте со необична, несекојдневна привлечност. Во вас има нешто недопирливо, мистериозно, и токму тоа “нешто” ве прави интересна и привлечна за спротивниот пол.

Кога стет фатени во стапицата на умот и неговите игрици, станувате неумерени во сензуалните задоволства, а со тоа и исфрлени од сопствената рамнотежа. Вашата интуитивна разборитост знае да премине во итрина, своите вредности ги користите на другите да им ја наметнете својата волја. Стануватее прекумерно чувствителни на критика и одмаздољубиви. Таквите ситуации ги ублажувате со својата благородност и толеранција.

РИБИ – Предности и слабости

Риби – Риби, сонувачи, визионери, последните романтичари на овој свет, огромна се загатка за другите, но и за себе. Таа тајна може да ја открие, нивниот светец, мистичен, харизматичен, префинет Нептун, кога ќе дојде време за тоа. Точно е дека Рибите се преосетливи, лесно ранливи, сочувствителни, исклучително чувствителни на болка и страдање на другите луѓе, секогаш подготвени да му помагаат на друг, понекогаш и на своја сопствена штета. Често повеќе ги сакаат другите отколку себе, односно поголемо внимание некогаш им посветуваат на другите отколку на себеси.

Зад нивната мека и чувствителна природа се крие непоколеблива одлучност, сила, издржливост, стабилност и смиреност, храброст. Тие се многу благи и толерантни, до крајни граници, но ако им ја допрете “точката на издржливост”, ќе се изненадите од нивната импулсивност, борбеност, внатрешен бунт, дури и од многу решителна и понекогаш груба реакција. Ќе дадат таков силен отпор и непопустливост. Рибите знаат да подигнат високи бранови на своето море, кога некој премногу го тестира нивното трпение. Но Рибиното море е убаво кога е мирно, тие сепак се знак на божествената љубов и простување. Знаат да простат, и тоа е нивната најголема доблест, како и разбирање на другите.

Ах, недопирливите Риби. Обдарени сте со необична сензуалност, необична привлечност, со голема интуитивна интелигенција. Повеќе од било кој друг знак, ги чувствувате и ги разбирате човечките желби и потреби, им одите во пресрет, без разлика дали е тоа во личен или општествен живот. Знаете да примените теории и интуитивно знаење на логичен и практичен начин, иако другите тоа понекогаш ви го оспоруваат. Племенити сте, пријатни и флексибилни, толерантни и стрпливи до крајни граници.

Заради Нептунската природа и аспирациите за совршенството, умеете да бидете голем критичар пред сопствената работа и работата на другите луѓе. Тешко е целосно да ја задоволите вашата пробирлива и префинета природа. Совесни сте и прецизни работници, со чувство за одговорност, заради опозициониот знак на Девица.

Во својата негативна фаза, станувате преосетливи и лесно ранливи, а со тоа ја губите самодовербата. Дозволувате инстинктите да ги регулираат вашите акции, а негативните емоции да го потиснат гласот на разумот и престанувате да бидете логични и практични. Во такви ситуации, засилете ја контролата над сетилата, држете го цврсто кормилото на својата легендарна интуиција, објективниот суд – гласот на Совеста, кој е во вашиот знак најјасен.

loading...