ХОРОСКОП | Што носи годината на Петелот во 2017 година?

4382

За нас, наскоро ќе почне 2017 година, а за Кинезите година на Петелот. Прочитајте што таа им носи на хороскопските знаци.

Петелот е симбол на Сонцето, бидејќи од раните утрински часови со кукурикање започнува денот. На истокот тој, директно е поврзан со топлината на Сонцето: Индијците го сметаат за извор на сончева енергија, а Јапонците го нарекуваат првата светлина. Кинезите во Петелот гледаат симбол од пет доблести: храброс, добрина, верност, достоинство и углед.

Еве што носи годината на Петелот.

loading...

Овен

Претходните две тешки години кои поминале под мотото “Целиот живот е борба” останале зад вас. На родените под овој знак им дошло времето на собирање плодови од својата напорна работа, иако не може да се каже дека сè ќе падне пред вашите нозе. За да добиете нешто, треба да се вложи малку напор.

Бик

Годината на Мајмунот е зад вас, а тоа значи минатото на неуспеси и порази, постојана забрзаност и напнатост. Конечно, дошло време да се смирите, да се релаксирате и да добиете задоволство од животот. Ѕвездите не гарантираат дека сѐ ќе оди без проблеми, но на добра компеназација за емоционалните и материјалните загуби можете да сметате.

Близнаци

Година на Петелот за вас е полна со добро искуство и успешни почетоци. Ова за Близнаците е позитивно време кога тие ќе чувствуваат присуството на магија во воздухот.

Рак

Среќата ќе ве поврзе со најинтересните луѓе кои ќе станат ваши лојални пријатели, способни да влијаат на растот и развојот на Раквите како личности. Некој ќе се соочи со потребата да се ослободи од тешкиот товар кој долго време го влече со себе и кој влијае на нивниот живот.

Лав

Вие практично нема да имате потреба да влегувате во борба за профит, бидејќи не сте ни подготвени за тоа. Претставниците на овој знак навикнале сѐ да постигнуваат сами. Затоа, оваа ситуација, кога сѐ ќе ви оди од раце, малку ќе ве збуни. Судбината на Лавовите ќе им дарува многу обврски, кои на крајот ќе имаат поволен исход.

Девица

Од самиот почеток на годината треба да се биде поодлучен. Оваа одлучност ќе им помогне на Девиците да се борат со сомневањата кои Петелот ги има подготвено за нив. Најдобро е да се избере една мудра тактика и да се искористи текот на настаните во своја корист.

Вага

Судбината на Вагата ќе им понуди многу можности да ја подобрат својата благосостојба, но не смеете да ги пропуштите вашите шанси. За да се прифати било каков вид на работа, потребно е да се вложи сета сила за негова реализација, да се покаже решеност и самостојност.

Скорпија

Скорпиите ќе бидат на прагот на големи промени. Носени од ветрот на промените, во минатото ќе ги остават своите стари колеги, здодевната работа и ќе пушатат во својот живот бран на трансформации. Промените во животот ќе го променат нивниот поглед на светот.

Стрелец

Оптимистичката природа на претставниците на овој знак и моќната енергија ќе отворат пред нив многу перспективи. Тие ќе можат да ги согледаат проблемите површно, но без да се вдлабочат во нив, што ќе помогне да ги решат со леснотија, чувајќи ги при тоа и времето и нервите.

Јарец

Ѕвездите ви препорачуваат правилно да ги поставите приоритетите. Во прво време, обрнете внимание на себе, одвојте време за себе, почнете да работите на својот развој. Новиот поглед на светот ќе ве воодушеви и сите околу вас, и сѐ ќе почне да се менува. Проблемите нема да изгледаат толку големи и Јарците ќе почнат да проноѓаат радост во едноставните нешта.

Водолија

2017 година е година на Водолијата. Претставниците на овој знак, и Петелот како доминантен симбол на годината, се многу блиски по дух. Тие ќе имаат многу можности да ја покажат вистинитоста на своето расудување.

Риби

Во нивниот живот ќе заврши периодот на стагнација, која трае долго време. Како да излагаат од долг сон, ќе ја тргнат тежината на неактивност и ќе почувствуваат неверојатен прилив на енергија.

Atma.hr

loading...