ХРАБРИ МАЈКИ, Сара Беро | Најмногу се сеќавам на реченицата: “Родивте две девојчиња со посебни потреби”

35356

“Имав 19 години кога останав бремена. Тоа беше уредна бременост. Работев и последните десет дена пред породувањето. Сè одеше толку лесно. Triple тестот беше сосема во ред, а лекарката која го правела ултразвукот на бебињата даваше најдобра прогноза. Ирма и Илда дојдоа на светот на денот на моето раѓање и тоа беше најдобриот подарок кој го добив во мојот живот. Две девојчиња. Направен беше и кариотип кој кај двете покажа Даунов синдром.”

Животот на Сара Беро, храбрата мајка на прекрасните подгорички близначки, во тој момент се урнал како кула од карти. Лекарите не биле од помош. Тогаш сурово давале најлоши предвидувања.

“Најмногу се сеќавам на реченицата: “Родивте две девојчиња со посебни потреби,” се сеќава Сара.

loading...

Да, на својот 20-ти роденден ги доби близначките. Да, таа е нивната мајка. Да, не станува збор за лоша прогноза. Ќе се бори.

“Третиот ден, бев многу посилна и попаметна. Дури после некое време бебињата ги однесов дома на своја рака од неонатологија. Нивните први денови беа многу убави. Боже, како да имам два ангела дома. Некоја посебна енергија, мекост, мирис и љубов. Се сеќавам дека нешто постојано зборував како да се веќе возрасни девојчиња. Најголема поддршка во тие моменти ми беа моите родители,” вели Сара.

Потоа Ирма и Илда се судриле и со првата пречка. Таа година „Aptamil“, бебешката храна, била повлечена од продажба, а тие морале да преминат на друго адаптирано млеко, а со тоа добиле страшна дијареа, нагло губеле тежина, дехидрирале. Болницата на два месеци станала нивен дом.

Поминувале деновите, а тие напредувале. Денес, осум години по нивното раѓање, Ирма и Илда низ животот смело чекорат. А нивната мајка, е нивната најголема сила и поддршка.

“Нивните денови се многу активни. Од раѓањето голем напор е вложен во напредокот. Посетувале редовна градинка, сега одат на училиште … Нон-стоп со нив работи дефектолог логопед. Тие секогаш се во контакт со светот. Многу пешачиме и се дружиме и, буквално, се трудам со целото свое битие да им дадам колку што е можно повеќе. Секој ден одново давам максимум времето да им биде колку што е можно поорганизирано”, вели Сара.

Зборувајќи за своите девојчиња со насмевка раскажуа дека Ирма е во “свој фазон”, не сака многу да пречи и да малтретира. Сака да игра сама и да гледа телевизија. Илда сака сликарство, мода … Таа сака да се облекува, менува облека, шминка, лакира нокти и да седи со Сара и нејзините пријателки како возрасна. Сè ја интересира.

“Нивниот напредок е макотрпен. Три чекори назад па еден напред и сè така. Тоа колку постигнавме најмногу се гледа по тоа што самостојно јадат, одат во тоалет, си ги мијат забите, рацете … Во собата си ги собираат играчките. Попрлилично се самостојни, но никој на почеток не им даваше такви предвидувања,” вели Сара.

Ирма и Илда имаат многу пријатели. Мама Сара вели дека отсекогаш биле тука за нејзините девојчиња.

“Многу сум среќна и горда. Ниту во градинка ниту во училиште, не почувствував дека тие биле отфрлени или загрозени на било кој начин. Инклузијата секаде би требало да постои. Децата се чувствуваат многу повредни со своите пријатели”, вели Сара, додавајќи дека тие не ги избегнале ниту непријатните коментари “еве ја оваа со болни деца” или “Боже, овие деца изгледаат како да се од друга планета.”

Сара има 28 години и од ништо не се откажала за доброто на Ирма и Илда. Работи на две работни места, многу им е посветена на девојчињата и сама ги подига.

“Не пропуштив ништо што не би пропуштила било која друга мајка. Приоритетите се, како и кај сите други, исти. Јас не мислам за себе, туку на нив двете. А тоа е огромна среќа. Сè ќе биде надоместено. И излегувањата и прошетките и сè она што не сте успеале да направите, само кога ќе почувствувате мир и спокојство и кога ќе ја видите нивната насмевка”, вели оваа млада, храбра мајка.

За сите оние кои поминуваат преку исти или слични ситуации Сара, Ирма и Илда имаат многу важна порака:

“Бидете горди на она што го имате. Секое дете е дадено од Бога, и не е виновно што токму тоа има некој проблем. Смејте се многу, бидете позитивни и размислувајте само за добри работи. Затоа што Бог им ги дава најтешките битки на најсилните борци!”

loading...