Хрват пакува “џебна” ракија

2351

Еден загрепчанец започна да продава ракија во сувенирни пакувања од по 20 милилитри, кои ќе можат да се носат в џеб, пишува хрватски „Нови лист”.

Градежниот инженер во пензија Златан Ребец во 2008 дошол до идеја да отпочне приватен бизнис и купил машини за производство и пакување влажни марамчиња.

Идејата за ракијата му дошла сосем случајно, додека размислувал што да прави со тие машини зиме, оти марамчињата повеќе се продаваат во летната сезона.

loading...

Ребец се консултирал со својот пријател Игор Магдиќ, кој прави ракија, и така дошле до заедничката замисла – да ја пакуваат како сувенир.

Пакетчињата содржат разни видови ракија – од вишни, боровинки, сливи, од круши и специјалната „мајмунска” – од банани.

Засега пакетчињата можат да се купат во Загреб, Дубровник и Сплит, но производителот преговара и за пласман во Австрија и Германија, поточно во ски центрите, каде што џебната ракија е веќе тестирана.

loading...