Хронологија на масакри во САД

980
Booking.com INT

Поранешен ученик во средното училиште од градот Паркленд во Флорида вчера отвори оган во училиштето и уби 17 луѓе. По масакрот 19-годишниот Николас Круз мирно и се предаде на полицијата.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во САД минатата година се случија два масовни напади.

На 5 ноември 2017 година поранешниот американски војник  Девин Патрик Кели отвори оган во Баптистичката црква во градчето Садерленд Спрингс во Тексас, при што 27 лица беа убиени, а 20 беа повредени.

Како најкрвав масовен напад се смета убиството на 58 лица од страна на Стивен Педок за време на концерт во Лас Вегас на 1 октомври 2017 година. Педок рани уште 500 лица, а се самоуби при полицискиот упад во хотелската соба од која пукаше врз посетителите на концертот.

Во 2016 година во САД се регистрирани три масакри.

Убиството на 49 посетители на геј клуб во градот Орландо во Флорида од страна на исламистот Омар Матин се случи на 12 јуни 2016 година. Матин беше убиен во престрелка со полицијата.

На 25 февруари 2016 година, Седрик Форд уби три лица, а повреди 14 во компанијата за одржување на тревници, каде што работел во градот Хестон во Канзас.

Пет дена претходно, на 20 февруари, шест лица беа убиени во градот Каламазу, Мичиген. Жртвите беа убиени во станбена зграда, во продавница на автомобили и во ресторан.

И во 2015 година имаше три маскари.

Исламистичкиот напад во Сан Бернардино, Калифорнија, се случи на 2 декември 2015 година. Напаѓачите Сајед Ризван Фарук и неговата сопруга Тафшин Малик убија 14 лица, а повредија 20 во Центар за социјална помош. Двајцата напаѓачи беа убиени во престрелка со полицијата.

На 1 октомври 2015 година, 10 студенти и професори беа убиени на колеџот Умпка во Роузбург во сојузната држава Орегон, од страна на студент, кој потоа и самиот беше убиен од полицијата.

Пред нападот во Тексас, за најсмртоносен напад во црква се сметаше убиството на девет лица во Методистичка црква во Чарлстон. На 17 јуни 2015 година расистот Дилан Руф ја нападна црквата мотивиран од омраза кон нејзините Афроамерикански верници и е осуден на смртна казна.

На 23 мај 2014 година, шест лица беа убиени, а 13 повредени во напад врз универзитетот Санта Барбара во Калифорнија. Нападот беше извршен од студент, кој се самоуби по нападот.

Компјутерскиот техничар Арон Алексис на 16 септември 2013 година уби 12 лица во зграда на американската воена морнарица во Вашингтон.

На 26 јули 2013 година во Мајами Педро Варгас уби шест лица во населбата Хијалеа во Мајами. Кубанецот Варгас имал емотивни проблеми и се обидел и да ја запали зградата во која живеел.

Најкрвава година е 2012 кога се случија пет масовнии убиства.

Дваесет деца и шест учители беа убиени на 14 декември 2012 година во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, во сојузната држава Конектикат.

На 27 септември 2012 година отпуштен работник во компанијата „Аксент“ во Минеаполис уби шест поранешни колеги, по што се самоубил.

На 5 август 2012 година расистот Вејд Пејџ упадна во индискиот храм Сик храм во Оук Крик, Висконсин и уби шест верници. Тој по нападот се самоуби.

На 20 јули 2012 година душевно болен човек уби 12 лица, а рани 70 во кино-сала во градот Аурора во Колорадо, за време на премиерата на новиот филм за Бетмен.

Поранешниот студент Ван Го изврши напад со огнено оружје во кореанскиот христијански колеџ Оикос во Оукланд, Калифорнија, на 2 април 2012 година. Во овој напад беа убиени седум лица, а тројца ранети.

МИА – Скопје

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...