Хуманитарна претстава за лекување на двегодишниот Лука

1846

„Театар Крик“ денеска и утре напладне во Македонската опера и балет ќе изведе претстава за деца „Маша и нејзината волшебна приказна“ и собраните средства од влезниците ќе ги намени за лекување на двегодишниот Лука Јовановски во Турција.

– „Маша и нејзината волшебна приказна“ е најновата претстава на „Театар Крик“ во која како наратор се појавува добро познатиот лик на децата – Маша од цртаните филмови.

Претставата изобилува со голем број поуки, но и со многу комични ситуации, прилагодени на возраста на публиката. Во оваа претстава се користи интеракцијата со децата, како посебен и веќе проверен сценски израз, кој се покажа како одличен метод за одржување на вниманието кај децата-гледачи, соопшти театарот.

Во претствата, која ќе се одигра на Мала сцена на МОБ, играат актерите Мирјана Поповска-Ристов, Роберт Ристов и Сашо Ристовски.

Цената на билетот е 200 денари.

За лекувањето на малиот Лука во Истанбул се потребни 20.000 евра. Сметката на која може да се донира е: 380176980603113.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...