Хуманитарна уметничка вечер во Кочани

490

На 13 мај, во петок со почеток во 17.00 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани, ќе се одржи хуманитарен уметнички настан, насловен Хуманоста на дело.

Во настанот ќе бидат вклучени голем број поетеси и поети од Кочани и од Македонија. Ќе настапат: Никодин Чернодримски, Јасмина Атанасова- Симјанова, Оливера Доневска, Оливера Ширговска, Славица Митровска, Виолета Сековска, Виолета Петковска,
Стојан Арсиќ, Исток Улчар, Верица Станислав-Петровска, Фросина Ѓуровска, Јовица Ивановски, Иле Наумов, Елизабета Станоеска, Соња Змејкоска, Бојан Бежоски, Христина Деолска, Ружа Спасовска, Ленче Китанова, Светлана Лазаровска, Аника Илијевска – Ѓорѓиева Жаклина Филипова – Свеќаровска, Славица Цветкова, Венчеслав Јордановски, Ивана Карова, Елена Максимова, Симона Томова Лаура Стојанова, Тоше Илиев и Адријан Стефанов.

Во рамките на програмата ќе настапат и афористичарите Јане Атансов и Ленче Стоименова.

Во музичкиот дел од програмата ќе се вклучат пејачите Петар Малинов, Дарко Стојчов и Давид Петров и гитаристот Јован Илиев, како и хорот од ОУ „Љупчо Сантов“. Ќе бидат изведени песни од репертоарот на Тоше Проески.

Ќе бидат изложени и дела од ликовниот уметник Танас Дедов, а изложбата ќе биде отворена од 12.00 часот.

Водителки на настанот се Оливера Доневска и Виолета Сековска.

Цената на една влезница за овој хуманитарен настан со богата литературна, ликовна и музичка програма е 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на Методи Митев од Кочани, кому му е потребно лекување во Кина.

loading...