Целата земја станала соба за мачење, место на страшен тероризам

881
Booking.com INT

Водечките претставници за човекови права при ОН, во вторникот повикале да се ослободат десетици илјади затвореници од сириските затвори, а мачителите да се изведат на суд, како дел од траен мир.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Поранешните сириски затвореници сведочеле пред Советот за човекови права при ОН, за страдањето што тие го преживеале и за загриженоста за мажите, жените и децата кои во заробеништво сѐ уште ги држат владините сили или екстремистичките групи, вклучувајќи ја и Ал Нусра и Исламската држава.

“Денес целата земја станала соба за мачење, место на ужасен терор и страшна неправда”, рече комесарот за човекови права при ОН, Зеид Рад ал Хусеин.

“Ние мора да востановиме одговорност, да ја утврдиме вистината и да го обештетиме сирискиот народ, тоа е единствениот начин да се воспостави помирување и мир”, рече тој на форумот во Женева.

Зеид ги повика завојуваните страни да запрат со мачење на луѓето и да ги спречат убиствата, да ги ослободат затворениците и да обезбедат основни информации за нивните семејства.

Делегацијата на сириската влада не присуствувала, но не ги отфрли обвинувањата за системска тортура. Претставникот од Русија, нејзиниот главен сојузник, настанот го нарече “губење на драгоцено време.”

Пауло Пињеро, претседател на Комисијата на ОН за истрага, рече дека во нивниот извештај од 2014 година е востановено дека опсегот на смртни случаи во затворите покажува дека владата на Асад е одговорен за “истребување како злосторство против човештвото”. (Хина)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...