Цената на биткоинот достигна рекордна вредност од 11.800 долари

227

Цената на криптовалутата биткоин денеска достигна историски рекордна вредност од 11.800 долари, јави ДПА.

Вредноста на биткоинот, кој се појави во 2009 година, од почетокот на годината се зголеми за десетпати.

Во средата биткоинот го мина прагот од 11.000 долари, но потоа во четвртокот падна на околу 9.000 американски валути.

По ваквиот раст на вредноста на оваа криптовалута, берзата Си-Ем-И во петокот најави дека во текот на следните две недели ќе емитува финансиски фјучерси за биткоини.

Со порастот на вредноста на биткоинот, кон крајот на работната недела е забележан и пораст на нејзини нови корисници, при што е остварен обрт од околу 19 милиони долари.

Повеќе централни банки и експерти предупредуваат дека биткоинот е исклучително непредвидлива валута, за која има индиции дека е „меур, што може многу брзо да пукне“.

– Како што знаат сите искусни трговци, се што скока толку нагло, уште побрзо паѓа, оценува маркетиншкиот аналитичар Џејмс Хјуз.

loading...