ЦИА објави видео снимки од компјутерот на Бин Ладен! Видео

1392

Погледнете како се одвивал животот во скривалиштето на Осама Бин Ладен.

Американската разузнавачка агенција ЦИА објавила снимки кои никогаш не биле видени, а кои беа пронајдени во компјутерот на некогаш најбараниот терорист во светот Осама Бин Ладен.

Домашните видеа беа запленети за време на рацијата во скривалиштето на Осама во пакистанскиот град Abbottabad пред шест и пол години. За време на акцијата, идејниот иницијатор на нападот на Њујорк на 11 септември 2001 година беше убиен од американските специјалисти.

loading...

Неверојатни снимки кои ги објавила ЦИА, сведочат за тоа како изгледал животот на Бин Ладен, додека тој бил во бегство. Внатре во ѕидините на огромната куќа во пакистанското село, имал сосема нормален живот.

Неговите деца и внуци играат безгрижно на игралиште, сите се насмеани и се чини дека околу нив, ништо не се случува.

www.jutarnji.hr

На лаптопот се пронајдени и некои бизарни снимки на кои Бин Ладен снимал домашни животни кои ги одгледувале во рамките на ѕидините. Исто така, една снимка покажува како изгледа Abbottabad во текот на сите четири сезони.

Сепак, од една снимка може дури да има корист и за разузнавачките агенции. На неа може да се види возрасен Хамза Бин Ладен, синот на Осама и најверојатно наследник. Досега биле познати само снимки од неговото детство, а ова е првпат Хамза да може да се види како возрасен човек.

Снимката трае еден час и направена е за време на свадбата на Хамза. Седи во друштво на мажи, нервозно се смее и слуша како толпата околу него зборува за “новиот принц на сите муџахедини”.

loading...