Црвеното месо го зголемува ризикот од бубрежна инсуфициенција

212

Резултатите од неодамнешното истражување на сингапурските научници покажа дека консумирањето на голема количина на црвено месо го зголемува ризикот на бубрежна инсуфициенција.

Научниците сметаат дека лицата кои веќе боледуваат од болести на бубрезите, како и сите оние кои поради било која причина се грижат за здравјето на бубрезите, можат да внесат доволно протеини и со земјоделски производи.

За задоволувањето на потребата од протеин доволно е еден месен оброк да се замени со намирници како што се киноа, грав, леќа, грашок, соја и слично.

loading...