ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ | Епидемија на чума го покоси светскиот туристички бисер

104

Светската банка донираше 5 милиони долари, експертите се фаќаат за глава
Смртоносната епидемија на чума која го покоси островот Мадагаскар би можела да премине на африканска почва, предупредува истакнат експерт и професор по здравствена заштита од Универзитетот во Источна Англија, Пол Хантер.

Имено, ширењето на болеста е опишано како најлошо во последните 50 години и сега дошло до “кризна точка”, што ја наведе Светската здравствена организација девет африкански земји да ги стави во високо ризични.

На Јужноафриканската република, Сејшелите, Реунион, Мозамбик, Танзанија, Кенија, Етиопија, Коморите и Маурициус им беше кажано да се подготват за можни случаи на чума во наредните недели.

loading...

“Можно е да се прошири на африканска почва, а потоа ќе биде тешко да се контролира. Ако не преземеме чекори веднаш, во еден момент би можело да излезе од контрола и да предизвикае широко распространето уништување низ целиот свет – изјави тој за Daily Mail.

Речиси 40 проценти повеќе нови случаи на чума се случиле во текот на неделата, а моментално со болеста која досега зеде 127 животи, се заразиле најмалку 1800 лица. Сепак, само прашање на време е кога таа бројка ќе се искачи на 20.000.

Поради епидемијата на чума која избувнала на Мадагаскар, Светската банка донира 5 милиони долари за епидемијата да се задржи под контрола. Парите ќе се користат за распределба на медицинскиот персонал на заразените подрачја, дезинфекција и за итни горива.

Две третини од пациентите се инфицирале со примарна пневмонична чума, која се пренесува со кашлање, кивање или плукање, а која убива за помалку од 24 часа.

loading...