Часовникот на апокалипсата поместен нанапред за 30 секунди

2041
Booking.com INT

Часовникот на апокалипсата кој ја симболизира непосредната опасност од катаклизма, е поместен за 30 секунди нанапред, на 2 минути и 30 секунди пред полноќ, објави Билтенот на атомски физичари.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Како причини се наведени заканите со нуклеарно оружје, климатските промени, но и изборот на Доналда Трумпа за американски претседател.

Часовникот не бил „поблиску до полноќ“ во последните 63 години, кога СССР во 1953 се вклучи во трката околу нуклеарното вооружување, детонирајќи ја својата прва хидрогенска бомба.

Во 2015 година, часовникот бил поместен наназад за две минути, како што остана и во 2016. Научниците тогаш го образложија тој потег преку Спогодбата за иранската нуклеарна програма и Парискиот договор за климата.

Билтенот на атомските науници е основан во 1945 година, како гласник за иднината на човештвото. Часовникот на апокалипсата пак, е идеја на научниците од Чикаго кои претходно учествувале во создавање атомска бомба.

Одборот кој одлучува дали Часовникот ќе се помести, е составен од научници и политички аналитичари.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...