Честото капење може да ја оштети детската кожа

573

Капењето на бебето за голем број родители е ритуал пред спиење. Сепак научниците и лекарите тврдат дека пречестото капење предизвикува зајакнато сушење на чувствителната детска кожа.

Во првиот месец бебето би требало да се капе само со млака вода без сапун, без шампон и купки. Два пати на ден по пет минути. Секако, треба да се брише делот кој го зафаќаат пелените.

Од вториот месец капењето може да трае подолго од пет минути, особено лето кога бебињата се потат, но максимално секој втор ден.

Со секојдневното капење се отстрануваат и бактериите, кои го одржуваат нормалното ниво на ПХ вредноста на кожата.

Кожата се суши од честото капење со голем број комерцијални препарати, капење со вода со повисока температурата од препорачаната, како и во зимскиот период.

Купките со масло помагаат во замастување на сувата кожа, а по капењето се препорачува на детето да му се нанесе смирувачко средство за нега на кожата.

loading...