Четирите најважни необврзувачки правила

1074
Booking.com INT

Ако одлучите да се вклучите во необврзувачка врска, треба да знаете дека на крајот може да бидете повредени или да го повредите вашиот партнер или партнерка.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Ова за да не ви се случи, треба да се придржувате до неколку правила.

Без убедување дека врската е посериозна отколку што е

Во таков однос секогаш постои ризик дека едната страна ќе се вљуби, иако се труди тоа да не се случи. Иако повеќето сметаат дека жените се тие кои ги обземаат чувствува, факт е дека тоа често им се случува и на мажите. Но, ако ви се случи вие да се заљубите, додека вашиот партнер не сака врска, таков однос треба да го прекинете што е можно поскоро. Да не се уверувате дека можете да го промените него или неговото мислење. Наместо да се надевате дека ќе се премисли, почитувајте го она што сте го имале, но понатаму тргнете сами.

Движете се полека

Ако запознаете некој што ви се допаѓа, не се искушувајте да ја прекинете врската без обврска. Додека не сте убедени дека новата врска има иднина, не се откажувајте од она што веќе го имате.

Без заеднички пријатели

Вашиот сакан пријател со протекција треба да го гледате како имагинарна личност. Иако е тука и во стои на располагање, тој нема и не би требало да биде дел од вашиот општествен живот. Ако почнете да го вовлекувате во вашиот живот, ќе ги поместите границите, а со тоа само ќе ја закомплицирате вашата врска.

Без љубомора

Никогаш не заборавај дека тој не ви е дечко. Ако дознаете дека излегол со друга, тоа не значи дека ве измамил. Истото важи и за вас. Вие не сте во врска, па можете слободно да излегувате со кого сакате. На љубомората и нема место во ваков однос, а ако ја почувствувате, тоа е знак дека се јавуваат емоции.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...