Четири вонземски мистерии кои покажуваат нешто што не е “домашно” … Видео

1023

Четири нерешени вонземски мистерии кои покажуваат “нешто што не е од Земјата”, детално се објаснети по појавата на американската програма AATIP (Advanced Aerospace Threat Identification Program).

Од 2008. до 2011. година, американската влада потрошила 22 милиони долари на програма, која е финансирана од поранешниот лидер на Сенатот, Хари Рејд, а предводенa од воениот разузнавач Луис Елизондо.

Одделот за одбрана го потврдило постоењето на програмата по неодамнешната истрага.

Г-дин Рејд изразил задоволство од креирањето на програмата која се користи за истражување извештаи за НЛО, и по тој повод рекол: “Мислам дека тоа е една на добрите работи што ја направив во мојата служба во Конгресот. Тоа е нешто што никој досега не го сторил”.

Неодамнешните откритија се потврдени и со видео и аудио снимки на НЛО инциденти.

Еден конкретен пример опишува снимка од F/A-18 Super Hornet на морнарицата, двомоторен борец, кој прикажува неидентификуван авион опкружен со сјајна аура.

Објектот се движел со голема брзина и се вртел додека се движел – пилотите се снимени како зборуваат “постои една цела флота од нив.”

Командантот Дејвид Фравор, пензиониран пилот на американската морнарица, кој бил присутен за време на видувањето, изјавил во интервјуто за Вашингтон Пост дека објектот бил “нешто што не е од Земјата.”

Додал: “Додека се приближував, како што го повлекував предниот дел наназад, тој забрзал и исчезнал. Побрзо од сите нешто што ги имам видено во мојот живот. Се свртевме и решивме да одиме да видиме што е во водата, но таму немаше ништо. Само сина вода. Многумина ќе речат дека нешто не е во ред со мене, дека бев пијан или употребував дрога, но никогаш не сум консумирал ниту од едното ниту од другото. Кога тоа се случи, бев добро наспан, а денот беше светол”.

“Мислам дека некој требало да го види ова. Од разговорот со некои други луѓе, сфатив дека во моментов има голема фрустрација, и дека за ова не се зборувало од 2004. година”.

Поранешниот пилот неидентификуваниот објект го опишал како “бел Тик Так, приближно со иста големина како Хорнет, долг 12 метри без крилја”.

Друга необјаснето виување дошло до израз во 2013. година, откако “Националниот центар за известување за НЛО-то” (NUFORC), објави изјава на друг пилот откако ја видел портокаловата огнена топка на небото.

Тој му рече на Центарот: “Моето семејство и јас седевме надвор. Кога погледнав во небото, видов прилично голема портокалова блескава топка која се движеше брзо над нашите глави на околу 90 степени висина”.

“Околу една или две минута подоцна, видовме група од три слични објекти долж истата патека на летот како и на првиот објект. Јас сум пензиониран воен пилот на борбени авиони, пензиониран пилот на комерцијален авион и поранешен астронаут. Немам објаснување за она што го видовме. Тие се движеја многу побрзо отколку орбиталните сателити (Меѓународната вселенска станица, на пример) или авионите, но многу побавно од метеорите и не ја променуваа светлината како што би ја направил метеорот кога би влегол во атмосферата”.

Во еден друг извештај во NuForce дојде од капетанот на авиокомпанија кој бил загадочен за време на летот помеѓу Лос Анџелес во Калифорнија и Портланд во Орегон.

Капетанот го објасни неговото откритие на светли сини светла над планината Шаста во Калифорнија, кои биле посветли од ѕвездите во таа област.

Тој изјави: “Две светла стоеја на небото со големина на нормалните ѕвезди. Една од “ѕвездите” само затемни за околу 10 секунди, а потоа и другата затемни, но целосно за околу 10 секунди. Летавме на кристално чисто небо, каде што немаше облаци. Овие две светла не следеа типична орбитална патека од запад кон исток, како што повеќето сателити тоа го прават, и само беа на исто место, како некои бродови што се кријат на некој хоризонт.”

Четвртата необјаснето видување се случило во 1981. година за кое раскажува 55-годишен фармер во францускиот регион Транс-ен-Прованс, кој тврдел дека воочил НЛО.

Фармерот рекол дека силен звук можел да се слушне пред леталото да помине над него.

По видувањето, локалниот жител ги повика властите, кои претходеле на земање примероци од почвата и растенијата, што ги доведе француското истражувачко тело за НЛО, кое потврдило дека е откриено затоплување на теренот и притисок од тежок објект.

Сепак, некои се обиделе да го поништат овој неидентификуван предмет како воен тест од блиската база.

loading...