Чомски | Десет стратегии за манипулција со луѓето

8171

На посиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристап до механизмите на разбирањето на манипулацијата со нивната согласност.

Квалитетот на образованието на пониските социјални слоеви треба да биде колку што е можно послаб или под просекот, за да јазот меѓу образованието на повисоките и пониските слоеви остане несовладлив.

Врз основа на работата на еден од највлијателните интелектуалци во светот, американскиот лингвист Ноам Чомски, ви претставуваме листа на десет стратегии на манипулација преку медиуми.

loading...

1) ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО
Одвлекување на вниманието на јавноста од важни проблеми на ирелевантни. Ангажирање на јавноста со поплава на ирелевантни информации, така што луѓето нема да размислуваат и да се здобијат со основни сознанија во разбирањето на светот.

2) СОЗДАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Овој метод, исто така, се нарекува “проблем-реакција-решение.” Мора да се создаде проблем, за да дел од јавноста реагира на него. На пример: да се предизвика и пренесе насилство со намера, јавноста полесно да ги прифати ограничувањата на слободата, економската криза, или да се оправда уривањето на социјалната држава.

3) ПОСТАПНОСТ НА ПРОМЕНИ
За да јавноста се согласи со некоја неприфатлива мерка, треба да се воведува постепено, на “лажица”, со месеци и години. Промените, кои би можеле да предизвикаат отпор, ако би се извршиле брзо и во краток временски период, ќе се спроведат со политика на мали чекори. Светот со текот на времето така се менува, а тоа да не ја буди свеста за какви било промени.

4) ОДЛАГАЊЕ
Друг начин за јавноста да се подготви на непопуларни промени е да се најавуваат многу порано, однапред. Луѓето така нема да ја почувствуваат одеднаш целата тежина на промените, бидејќи претходно се привикнуваат на самата идеја за промена. Покрај тоа и “заедничката надеж за подобра иднина”, го олеснува нивното прифаќање.

5) УПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ЈАЗИК
Кога на возрасните им се обраќаме како кога им зборуваме на децата, постигнуваме две предности: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има моќен ефект врз луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи и во рекламирањето.

6) БУДЕЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ
Злоупотреба на емоцијата е класична техника која се користи во предизвикување на краток спој, кога има разумно расудување. Критичката свест ја заменуваат емоционалните импулси (лутина, страв, итн.) Користењето на емоционалниот регистар овозможува пристап до потсвеста, па подоцна е можно во оваа фаза да се спроведат идеи, желби, грижи, страв или принуда, или да се предизвикаат одредени однесувања.

7) НЕЗНАЕЊЕ
На посиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристапот до механизмите на разбирањето на манипулацијата со нивната согласност. Квалитетот на образованието на пониските социјални слоеви треба да биде колку што е можно послаб или под просекот, за да јазот меѓу образованието на повисоките и пониските слоеви останал несовладлив.

8) ВЕЛИЧАЊЕ НА ГЛУПОСТА
Јавноста треба да се охрабрува во прифаќањето на просечноста. Неопходно е да се убедат луѓето дека е (ин, во мода) пожелно да се биде глупав, вулгарен и неук. Во исто време, треба да се предизвика отпор кон културата и науката.

9) СОЗДАВАЊЕ ЧУВСТВО НА ВИНА
Мора да се убеди секој поединец, дека само и единствено тој е одговорен за сопствената несреќа, поради ограниченото знаење, ограничените способности или недоволно вложениот труд. Така несигурен и потценет поединец, оптоварен со чувство на вина, ќе се откаже од барањата на вистинските причини за својата положба и бунтот против економскиот систем.

10) ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗНАЕЊЕТО
Брзиот развој на науката во последните 50 години, создава голема празнина меѓу знаењата на јавноста и оние кои го поседуваат и користат, владејачките елити. “Системот”, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија, има пристап до напредното знаење за човекот и на физичкиот и на менталниот план.

Автор Ноам Чомски

loading...