Чудесна светлина | Флуоресцентна пештера во Нов Зеланд | Видео

397

Фотографот Шон Џеферс помина една година фотографирајќи спектакуларни предели во пештерата Руакури на Нов Зеланд.

– Имав впечаток дека се наоѓам на некоја друга планета, навистина како да не е од овој свет, изјави за „Дејли мејл“, 26-годишниот фотограф.

– Никогаш порано не сум почувствувал нешто слично и искрено не знам како тие чувства да ги претворам во зборови, стоите сами во целосна темница, а над вас светат овие мали битија. Глетката е целосно надреална, како да се наоѓате во вистинска Пандора од филмот „Аватар“, на Џејмс Камерон, додаде тој.

loading...

Кога се преселил на Нов Зеланд во 2013 година, Џеферс  слушнал дека светлечките ларви многу тешко се фотографираат. Тој го прифатил предизвикот и се упатил во областа Ваитомо, каде што се наоѓа пештерата. Во студената вода поминувал и по осум часа дневно со намера да сними што подобри фотографии.

Светлосните ларви Arachnocampa luminosа припаѓаат на видот комарци кои се хранат со габички, а се наоѓаат претежно на подрачјето на Нов Зеланд. Единките емитуваат фосфоресцентен сјај за да привлечат плен и партнер за парење.

loading...