Чудни нешта паѓаат од небо | Видео

70
Booking.com INT

Што би кажале ако пред нозете ви падне замрзната игуана? А златна шипка?

Bitcoin Exchange CEX.IO

Отпадот од вселената не е единственото нешто што може да се спушти пред вашите нозе, од време на време, додека пиете кафе на тераса.

Постојат феномени кои би можеле на масичка од некоја бамбус градинарска гарнитура да сервираат многу интересни работи, а најдоброто меѓу најдобрите ви ги претставуваме во оваа статија.

1. Замрзнати игуани

Ова се случило на Флорида во јануари оваа година, кога во таа област за прв пат во 28 години, паднала поголема количина снег. Од тие гуштери на Флорида се насекаде, а обично живеат на гранките на дрвјата. Кога температурата паднала, игуаните, кои се ладнокрвни животни, едноставно “згаснале” и повеќе не можеле да се држат за дрвјата. Потоа паѓале од дрвјата или ги однел малку посилен ветар. За среќа, тие не биле мртви, па со првата повисока температура би се разбудиле.

2. Риби

Во Мексико рибите од небото паѓаат толку често па дури имаат и име за овој феномен: “lluvia de peces” (буквално, дожд од риби). Но, риби од небо биле забележани и во Калифорнија, Англија и Индија. Причината е торнадото кое поминува над водата. Виорот ги зафаќа водата и животните во него и ги носи над копното.

3. Крвав дожд

Во северозападна Шпанија, 2014 година, жителите се жалеле на крвавоцрвената вода во своите фонтани. Не станува збор за случај на убиство, туку за микроскопските алги кои дошле со последниот дожд. Тие алги се измешале со оние кои се наоѓале во водата, и поради допирот со нив, почнале да ослободуваат пигмент кој ја обоил водата во црвено.

4. Пајаци

Милиони пајаци 2015 година паѓале од небо во Австралија – а тоа и не било прв пат. Тој феномен се нарекува “дожд од пајаци”, а се јавува кога голем број на пајаци во исто време ќе почне да се искачува на возвишение и ги дигаат задините делови во воздух за да ја испуштаат својата свила, а потоа едноставно одлетуваат. Интригантно или одвратно? Просудете сами …

5. Руско злато

Ова секако е поинтересно од пајаците и игуаните. Овој месец, во Сибир, од транспортен авион паѓале златни шипки, платина и дијаманти. Кога полетувал од аеродромот во Јукутск, од авионот случајно почнало да паѓа богатство во вредност од 378 милиони долари. Паднале околу 200 златни шипки, а објавено е дека секое парче успешно е пронајдено. 😉

6. Варени лилјаци

Во јануари оваа година стотици “зготвени” лилјаци паѓале од дрвјата во Австралија, откако локалните температури достигнале повеќе од 43 степени. Овој тип на лилјаци може да поднесе температури до 30 степени, пред топлината да им го изгори мозокот. Температура поголема од 30 степени лилјаците едноставно ќе ги “свари”, поради што околу 200 од нив се пронајдени мртви.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...