Шарлот Гинзбург заштитно лице на новата „Нарс“ колекција

716

Компанијата „Нарс“ објави дека Шарлот Гинзбург ќе биде новото заштитно лице на следната летна „Грим“ колекција.

– Таа е неверојатна и многу пријатна, со вродено чувство за вкус и стил. Се восхитувам на тоа како ја изгради кариерата: без компромиси, без да трпи ограничувања и целосно посветена на творештвото, изјави сопственикот на козметичкиот бренд, Франсоа Нарс.

Претставник на брендот пак, појасни дека џетсетерката исто така учествувала во разработувањето на секој еден од 18-те производи што се дел од колекцијата.

loading...