Шеесет и шест проценти од корисниците купиле барем еден производ преку Интернет

233

Шеесет и шест проценти од корисниците на интернет во Македонија имаат купено барем еден производ преку интернет, покажува истражувањето за интернет продажба на производи за широка потрошувачка во Македонија, направено за потребите за Конференцијата Allweb што во петок ќе се одржи во Скопје. 

На конференцијата ќе можат да се чуе и колку од корисниците на Интернет во Македонија купуваат онлајн, на која старосна група и припаѓаат купувачите, во која насока ќе се развива онлајн пазарот во иднина, податоци, произлезени од ова истражување.

Истражувањето е спроведено за потребите на конференцијата од страна на Инсајдер ИД, агенција за истражување на пазарот.

– Интересот на публиката за годинешнава конференција е одличен, дури и поголем од очекуваниот. Особено не радува фактот што многу нови мали и средни бизниси решија да се вбројат на листата компании кои сакаат да ги прошират знаењата и поимањето на дигиталниот маркетинг, вели Дарко Булдиоски, програмски директор на конференцијата.

Програмата на конференцијата е поделена во три целини, во рамки на кои ќе се зборува за е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).

Имињата на сите говорници кои ќе се појават на сцената на шестото издание на единствената конференција за дигитални комуникации во Македонија, AllWeb, како и деталната програма се веќе објавени на allweb.mk.

Органиизаторите соопштуваат дека на конференцијата ќе говорат и Горан Секуловски и Милош Скокиќ, од Жишка, кои ќе зборуваат за тоа како луѓето да користат Инстаграм за да си помогнат во продажбата. Eјми Холанд ќе говори за т.н. чет ботови, а Дамјан Дамјановски- дигитален стратег и евенгелиста својата презентација ќе ја фокусира на градењето стратегија и интегриран пристап во маркетингот.

Подетални информации за влезниците, содржината на конференцијата и говорниците се достапни на allweb.mk.

loading...