Шест работи кои мајките на тинејџерите треба да ги знаат

5888

Не сакаат да разговараат со вас, мразат шишање, опсесивни се околу технологијата, па насекаде оставаат валкани чорапи ? Не знаете како со својот син тинејџер да се справите? Еве неколку работи што треба да ги знаете

Розалин Вајсман, едукатор за образование и автор на американскиот бестселер Queenbees and Wannabees, во новата книга Masterminds and Wingmen: Helping Your Son Cope with Schoolyard Power, Locker-Room Tests, Girlfriends, and the New Rules of Boy World покажува што навистина се случува во животот на момчињата, како функционира нивната општествена хиерархија и како тоа влијае на нивните одлуки и начин на размислување. За потребите на книгата интервјуираше 160 момчиња на возраст од 10 до 20 години.

Момците само се преправаат дека не се грижат за пријателите, семејството или за училиштето

Дури и кога навистина се грижат за нешто, момчињата учат како да не покажуваат страв, љубов, тага или возбуда, бидејќи тие мислат дека треба да се однесуваат “како мажи.” На машката рамнодушност ги учат нивните родители кои им зборуваат да се доведат на вистинскиот пат, тренерите им зборуваат да не ја фрлаат топката како девојчињата и врсниците кои се потсмеваат на нивниот избор на облека, пеењето, итн. Со поддршка и комуникација, родителите можат да им помогнат на децата да го надминат притисокот и да прераснат во автентични, моќни и емотивно ангажирани мажи.

Митот е дека мажите се поедноставни или помалку комплицирани

Светот на момчињата подеднакво е исполнет со ограничена социјална динамика и со поделените улоги, како и оние на девојките. Во општеството секогаш постои “мозокот” кој владее со групата, оној кој одредува што е смешно, што е глупаво и што ќе се прави. Останатите ја преземаат улогата на “забавувачи” (кои на крајот може да се најде во ситуација дека никој да не го сфаќа сериозно), “исфрлувачи” (големи, физички силни, кои обично манипулираат со другите) или “совеста” ( кои секогаш се загрижени за последиците). Пријателството преовладува, но може да биде испреплетено со конфликти, навреди и незадоволство.

4

Родителите често сметаат дека нивните синови немаат конфликт во друштвото, бидејќи тие не бараат помош

Момците често мислат дека ништо не може да се направи ако некој ги “зема на заб” и дека каква било интервенција ќе резултира со уште повеќе задевање. Оние кои тоа го прават се кријат зад фразата: “Па, само се шегуваме. Не прави драма таму каде што ја нема. “Момците ќе се повлечат и ќе се преправаат дека тие не се грижат (бидејќи, се разбира, мажите не можат да имаат повредени чувства). Најдобар начин да ви се отворат околу конфликтот? Бидете кратки и јасни и разговарајте додека играте видео игра.

Видео игрите се составен дел од културата на детството на момчињата и родителите ретко поставуваат вистински прашања во врска со нив

Кога сакаат да ја регулираат играта на синот, родителите поставуваат временско ограничување, додека многу малку знаат за самата игра. Временското ограничување е во ред, но родителите треба да знаат и она што се случува во текот на играта. Дали ќе се здобијат со вештини, или ќе бидат изложени во планирањето и решавањето на предизвиците ? Или ќе бидат изложени на расизам, сексизам и интернетска злоупотреба? Што навистина се случува за тој еден час, додека вашето дете ја игра играта?

Порнографија е неизбежна и родителите треба да разговараат со детето за тоа

Децата учат од рана возраст да бараат информации преку интернет и веројатно ќе побараат информации во врска со сексот. Родителите не можат да зборуваат за секс без спомнување на порнографијата, бидејќи сосема сигурно ќе видат или ќе слушнат нешто за тоа.

2

За комуникацијата со момците да биде ефективна, мора да бидете многу внимателни во пристапот

Од раната возраст, момчињата ги учиме да не откриваат премногу информации за себе, па на првиот знак на прекумерно интересирање на родителите за нив, ќе се повлечат – премногу прашања, премногу емоции, премногу вмешување. “Момчињата нема да сакаат да разговараат со луѓе кога тие мислат дека ќе се однесуваат премногу заштитнички, без разлика колку намерите се добри. За да ги убедите момците дека имате добри совети за нив, ќе мора да ги почитувате нивните граници и над сѐ – престанете да се обидувате да го решите проблемот наместо нив.

Кукурику.Мк

loading...