Шокантна изјава за паметните телефони која е тешко да се прифати веднаш на „прва“

756

Проблемот на тинејџерска зависност од паметните телефони и социјалните мрежи е повеќе од сериозен.

Многу е веројатно дека многумина овој текст ќе го доживеат како класично претерување, и покрај фактот дека младите луѓе, децата и тинејџерите во лудите времиња на технологијата навистина премногу “висат” на своите паметни телефони, таблети или компјутери, опсесивно се занимаваат со социјалните мрежи и со сѐ што е поврзано со нив.

И додека целата ситуација е релативно под контрола, нема причина за паника, но факт е дека родителите имаат сѐ помалку време и помалку контрола врз објавите на своите деца, што со текот на времето може да стане огромен проблем.

loading...

Затоа Mandy Saligari, која специјализирала лекување на зависности и е вработена во клиниката за рехабилитација Harley Street во Лондон, испрати драматично предупредување за да ги освести родителите и да ги принуди да размислат за новата форма на зависност која многу често се занемарува.

Секогаш им велам на луѓето: кога на своето дете ќе му дадете на користење таблет или smartphone, тоа е исто како да им дозволувате да испијат едно шише вино или да земат еден грам кокаин, шокантна изјава која без воздржување ја изговорила Saligari. Се разбира, следело и објаснување.

Кога зборуваме за зависност, повеќето луѓе сѐ сметаат за класична зависност од алкохол, дрога, цигари … Малкумина обрнуваат потребно внимание кога станува збор за зависност од паметните телефони, таблети и други уреди кои на нашите деца им овозможуваат со часови и часови да поминуваат на Instagram, Snapchat, Facebook или било која од другите социјални мрежи. Не го игнорирајте тоа, бидејќи зад тоа се крие вистинската, реалната, сериозна зависност, но, исто така, многу опасности за кои можеби не сте знаеле, но би требало да сте свесни, предупредила Saligari.

Таа открила дека две третини од нејзините пациенти на возраст меѓу 16 и 20 години, се пријавуваат на клиника сами или тоа го прават нивните родители, и се обидуваат да ги решат своите проблеми поврзани со зависноста, а особено на ризик се изложени девојчињата.

Немате поим колку девојчиња од 13 или 14 години, доаѓаат во нашата клиника, и сите се во вителот на т.н. “sexting”, сите тие веруваат дека испраќањето на своите разголени фотографии, на познати или непознати луѓе не е ништо лошо, освен ако за тоа не дознаат нивните родители, открива навистина драматични информации овој психијатар.

И кога ќе се видат горенаведените податоци, тогаш изедначувањето на зависност од кокаин со зависноста од социјалните мрежи и не изгледа толку глупаво, параноично и парадоксално.

loading...