Шокантни наоди од истражување | Користењето на антибиотици во текот на две недели или подолго, може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево за дури 73 проценти!

6591

Изложеност на антибиотици во поранешни години во животот, значително е поврзано со поголем ризик од рак на дебелото црево на 60-тата година.

Ако земате антибиотици 15 дена или повеќе, можете да го зголемите ризикот од рак на дебелото црево за неверојатни 73 отсто, покажала студијата објавена во престижниот гастроентеролошки весник Gut.

Поточно, научниците откриле дека долготрајната употреба на антибиотиците, го зголемува ризикот од развој на полипи, мали израстоци на цревниот ѕид кои можат да станат канцерогени.

loading...

Но, ако земате лекови во четириесеттите и педесеттите години ситуацијата, се разбира, е поризична отколку ако тоа го направите во дваесетите и триесетите.

Сето ова ја поткрепува теоријата дека цревните бактерии играат клучна улога во превенција од рак.

Иако антибиотиците обично се препишуваат на една недела, состојбите, како што се акнте, или на пример, туберкулозата можат да бараат долгорочен третман.

Научниците проучувале податоци од повеќе од 16.000 жени над 60 години, и сѐ беше објавено во списанието Gut.

За само два месеци од употреба на антибиотиците меѓу 20 и 39 годишната возраст, се зголемува ризикот од полипи за 36 проценти. Жените кои земаат антибиотици во нивните 40-ти и 50-ти години имаат 69 отсто поголем ризик од жените кои не ги земале лековите.

Dr Sheena Cruickshank

Во последните четири години, употребата на антибиотици не била поврзана со ризикот од добивање на полипи, а овие наоди укажуваат на тоа дека, ако оваа студија ја потврдат и други истражувања, употребата на антибиотици би требало да биде ограничена, велат научниците.

Сепак, тие нагласуваат дека се потребни понатамошни истражувања и дека луѓето не би требало да престанат со користење антибиотици кои во моментот ги пијат.

Не е познато колку полипите стануваат канцерогени, велат научниците.

Д-р Sheena Cruickshank, експерт за имунологија од Универзитетот во Манчестер, вели дека антибиотиците се од суштинско значење за третман на бактериски инфекции доколку се користат правилно, можат да го спасат и животот, пренесува Daily Mail.

loading...