Што всушност крие моќниот американски Супервулкан – Научниците шокирани | “Мислевме дека од првите активности до ерупцијата поминуваат илјадници години, но …”

1397

YELLOWSTONE – Еден од најголемите светски супервулкани се наоѓа под американскиот национален парк Јелоустоун. Тоа е многу моќен вулкан кој одеднаш би можел да исфрли и до 1000 кубни километри камен и пепел, што би било доволно, поголемиот дел од САД да го прекрие со дебел слој на пепел, но, исто така, да ја турне целата планета во “вулканска зима”, пишува Shannon Hall за New York Times.

Последната ерупција на овој супервулкан се случила пред 631.000 година, а кога ќе биде следната невозможно е да се предвиди. Јелоустоун, при тоа не е единствен подземен супервулкан на Земјата, а според проценките на научниците нашата планетата секои 100.000 години ја потресува по една “суперерупција”.

Кога барем приближно би можеле да процениме кога е на ред новата ерупција на супервулканот, која несомнено би предизвикала катастрофа, научниците почнале да ја сецираат историјата на Јелоустоун. Она што го осознале е, дека силите кои ги создаваат овие ретки, но катастрофални настани, се движат многу побрзо отколку што претходно се мислело.

loading...

Според првичните докази, кои неодамна биле претставени на конференцијата на вулканолозите, последната ерупција на Јелоустоун била започната кога новата магма влегла во системот на вулканот неколку децении пред ерупцијата. Имајќи предвид дека претходните проценки зборувале дека меѓу влегувањето на новата магма и ерупцијата поминале милениуми, јасно е дека се работи за драматична разлика.

До тој заклучок дошол и тимот од Универзитет Arizona State, меѓу нив и студентката на постдипломските студии, Хана Shamloo, чија дисертација била еден од “мотивите” за истражување на Јелоустоун.

“Очекувавме дека некои процеси се случуваат илјадници години пред ерупцијата”, рече менторката на г-ѓа Shamloo, геологот, Christy Till.

Таков краток временски период помеѓу првите активности во вулканот и ерупцијата во геолошките размери е колку едно трепкање на окото. Затоа научниците дури сега полека сфаќаат кои услови довеле до суперерупциите до кои би можело да дојде во текот на еден човечки живот.

– Шокантно е колку малку е потребно за да тивок вулкански систем дојде до работ на ерупцијата – рече г-ѓа Shamloo, која сепак нагласува дека на научниците ќе им треба повеќе време за да попрецизно откријат колку точно време треба да помине од првите активности до ерупцијата.

Rock formations and colorful pool

Од друга страна, д-р. Kari Cooper од Универзитетот Калифорнија, која не учествувала во истражувањето, нагласува дека не е убедена дека научниците денес можат точно да укажат на настан, кој ја започнал последната ерупција на Јелоустоун.

– Една работа е да се истакне постепеното создавање услови за вулканска активност. Друга работа е да се мобилизираат 1000 кубни километри магма во една деценија – вели Cooper.

За среќа, изгледите за ерупцијата на Јелоустоун или било кој друг супервулкан на Земјата во моментов се чинат мала појава, но за да можеме да ги разбереме, нема сомнеж дека треба добро да се истражи секој аспект од нивните минати ерупции.

Др. Cooper сепак верува дека за само неколку децении, научниците ќе можат да предвидат голем број потенцијални вулкански ерупции, вклучувајќи ги и најсилните.

loading...